Дигитални ресурси и отворен пристап




Дигиталните ресурси може да бидат во секаков облик и формат: текст, слики, фотографии, аудио, видео, веб страници, презентации и секаков друг облик и формат во зависност од потребата. Дигиталните ресурси во литературата се познати и како дигитални објекти. Овие дигитални ресурси може да се користат за домашна потреба, за потреба на бизнисот, на образованите, за работа, за учење, за забава итн. Дигиталните ресурси се неизбежен дел од е-општеството. Во последните десетина години сме сведоци на енормниот прогресивен и неконтролиран раст на ваквите дигитални ресурси.

Со пенетрацијата на интернетот во сите слоеви на општеството и со пошироката достапност на интернет пристапот, важноста на дигиталните ресурси значајно порасна. Поради таквиот развој се јавува потреба од организирано складирање на дигиталните ресурси во дигитални репозиториуми или дигитални библиотеки, овозможување на нивна достапност, пребарување на репозито- риумите и наоѓање на бараните дигитални ресурси, нивна реупотреба и споделување. Во случај кога овие репозиториуми се составени од слободни и онлајн достапни копии на верификувани (рецензирани) ресурси и кога не постојат ограничувања за нивна употреба преку лиценцирање или ограничувања од друг тип, тие можат слободно да се користат за истражувања, настава, учење или за други потреби станува збор за отворен пристап.



Апликативни цели

Лабораторијата при работењето придонесува преку истражување и преку апликација на истражувањата за практична примена на заинтересираните субјекти.

Истражувањето се однесуваат на проучување и следење на најновите научни достигнувања од оваа област и посебно на:

- Процес на дигитализација
- Складирање, чување и одржување на дигиталните ресурси
- Регистрација и индексирање на дигиталните ресурси
- Архитектура на репозиториумите
- Стандардизација на дигиталните ресурси, репозиториуми и библиотеки
- Имплементација на информациски системи поврзани со дигиталните ресурси, репозиториуми и библиотеки
- Друго не спомнато, а поврзано користењето на дигиталните ресурси, репозиториуми и библиотеки

Апликацијата на истражувањата за практична примена се одвива преку:

- Организирање на предавања, работилници и семинари за дигитализација, дигитални ресурси и дигитални репозиториуми
- Обуки за практично користење на дигиталните ресурси
- Имплементација на дигитални репозиториуми и библиотеки
- Имплементација на информациски системи поврзани со дигитални ресурси




Ресурси

Место положба:

- Лабораторијата е поставена во Кампус 2, Центар за електронско учење, Медиотека.


Опрема:

- При работењето се користи опремата на Центарот за електронско учење добиена преку донаторски   проекти.
- Во тек на работењето опремата се обновува и проширува преку реализација на проекти.


Кадар:

- Во истражувањата по потреба се вклучени кадри од УГД, т.е. од Катедрата за информациски системи,   Факултетот за информатика и Центарот за електронско учење.
- По потреба можат да се вклучат во истражувањата и надворешни лица.
- Во истражувањата се вклучени студенти на Факултетот за информатика, магистранти и докторанди.

Линкови



Контакт


Поголема мапа УГД 360

Емаил

За контакт користете го дадениот емаил: drop@ugd.edu.mk.


Локација

Лабораторија за дигитални ресурси и отворен пристап
Универзитет „Гоце Делчев“ 89 п.фах 201
Штип, 2000, Македонија

Телефони

Д-р Зоран Здравев
+389 (32) 550 530

Д-р Игор Стојановиќ
+389 (32) 550 108