E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Еразмус +

Еразмус + програма за студентите при УГД

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип веќе неколку години успешно ја реализира Еразмус + програмата со Европските партнер Универзитети. Студентите и вработените при УГД имаат можност да бидат дел од оваа незаборавно искуство преку програмата за студентска мобилност и мобилност на вработени.

Со цел оваа програма да биде што е можно поблиску до студентите, УГД во текот на годината постојано организира информативни денови и со станоци со претставници од Националната Агенција. Сите нови информации и повици можете да ги следете во делот Активности.

Ерасмус плус програмата е наменета за сите редовно запишани студенти при УГД кои имаат завршено најмалку 2 семестри од студиите. Студентската размена можат да ја реализираат во еден од партнерските Универзитети чија листа е прикажана во делот Еразмус + партнерски Универзитети. Во зависност од договорот студиската разнема може да се реализира во 6 или 12 месеци.

Услови за аплицирање:

  • Студентите да ја имаат завршено прва година од студиите;

  • Да имаат постигнато солиден успех за време на студиите;

  • Да имаат одлично познавање на англискиот јазик;

Потребни документи:

  • Уверение за положени испити;

  • Копија од индекс;

  • CV;

  • Мотивациско писмо;

  • Две препораки од професор;

  • Копија од сертификати, пофалници, награди;

  • Пополнета пријава за изразување на интерес за учество во Еразмус + програмата;

ИЗЈАВА за вработени

ИЗЈАВА за студенти

Mobility Agreement - Staff Mobility For Teaching

Mobility Agreement - Staff Mobility For Training

Партнерски Универзитети со кои имаме склучено договори за Еразмус + мобилности