Search
|     contact@ugd.edu.mk

Странски студенти

Информации за странски студенти

Универзитетот Гоце Делчев е избор и на голем број странски студенти од соседните, но и од останатите европски земји поради одличните услови за студирање и големиот број на достапни студиски програми, како и поради користењето на модерна и современа опрема и технологија и изведувањето на дигитализирана настава.

Во моментот на УГД активни се 591 странски студенти кои посетуваат настава на македонски јазик и 50 студенти кои посетуваат настава на англиски јазик.