Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

 
 
 
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Историја

Во присуство на дел од членовите на матичната комисија на Универзитетот „Гоце Делчев“, претставници од студентите, професори и асистенти, како и граѓани на град Штип, Универзитетскиот сенат донесе едногласна одлука за избор на ректор на Универзитетот да биде проф. д-р Саша Митрев редовен професор на Земјоделскиот факултет, за мандатниот период јуни 2007 – јуни 2011 година. На истата седница се избра и проф. д-р Душан Тодоровски вонреден професор на Педагошкиот факултет за прв претседател на Универзитетскиот сенат.

Ректорската управа својата прва редовна седница ја одржа на 11 јули 2007 година.

Универзитетот „Гоце Делчев“  започна со 7 факултети и една висока школа, и тоа: Правен факултет, Економски факултет, Педагошки факултет, Факултет за рударство геологија и политехника, Земјоделски факултет, Факултет за информатика, Факултет за музичка уметност и Висока здравствена школа.

Од студиската година 2008/09 г., во состав на Универзитетот се и 6 (шест) нови факултети: Факултет за медицински науки, Филолошки факултет, Електротехнички факултет, Машински факултет, Технолошки факултет и Факултет за туризам и бизнис логистика.

Во првата студиска година на Универзитетот се запишаа 1300 студенти.

УГД низ слики