E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

 

Добредојдовте на Универзитетот во Штип кој е единствена јавна високо-образовна установа во источниот дел од Република Македонија. Универзитет кој има посебна национална одговорност во сферата на едукацијата, научните истражувања и промоцијата на европските вредности во изградбата на општествата втемелени на знаење. Универзитет кој се движи кон правец на модерна европски профилирана високообразовна институција. Установа која претставува прозорец за една посветла и подобра иднина. Место на кое многу сегашни и идни млади луѓе ќе ги поминат најубавите години од својот живот, а истовремено со себе ќе го понесат и она највредното за нивните понатамошни кариери, а тоа е знаењето. Како ректор на Универзитетот кој во себе интегрира 12 факултети и 3 академии, на кој досега се запишале 30 000 студенти, чувствувам голема одговорност и обврска да Ве подржам и поттикнам во вашите идеи, во почитување на образовната култура заснована на принципите на интегрирање на највисоките етички вредности, академската слобода и автономија, општествената одговорност, социјалните и економските потреби на општеството во целина, подготвеност за спроведување на програмите за извонредност, тимска работа и партнерство.
 Драги студенти,
Студирањето не е само наставата и времето поминато на факултет. Универзитетот ви нуди можности за артикулација на вашите интереси, мотиви, желби, хобија, преку универзитетските и студентски центри, како што се: Универзитетскиот спортски и културен центар, универзитетското радио и ТВ, библиотеките, и уште многу други можности кои можете да ги креирате со вашите колеги. Ќе ја имате секогаш поддршката за идејата во која верувате и за која сонувате.   Од овој Храм на знаење и мудрост ќе излезете  со многу спомени, со многу моменти исполнети со љубов,  спомени кои засекогаш ќе останат врежани во вашите  срца, и вашите мисли. Вие ќе треба да учите за  вредноста на животот, од Вас треба да произлезат  интелектуалци кои ќе ја преземат одговорноста на својата иднина и иднината на својата генерација. Со должна благодарност и почит од името на сите вработени на Универзитетот Ви благодарам за изборот кој го направивте да студирате на Универзитетот во Штип.
Да живеат студентите, да живеат професорите, да живее нашата академија, Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип Ректор проф. д-р Блажо Боев