Електронска картичка

Според член 116, став 6 и 7 од Законот за високото образование (извадок на Закон за високо образование [ линк]) и член 17 од Правилникот за содржината и формата на дипломата, упатството за подготовка на додаток на дипломата и на другите јавни исправи („Службен весник на Р. Македонија“ бр. 84/09), (http://www.slvesnik.com.mk), Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип издава студентска легитимација.

Студентската легитимација е во вид на електронската картичка и може да се подигне од шалтерите на студентски прашања на факултетите.

Електронската картичка ќе има поголема функционалност од е-токенот.
Секој студент ќе добие ПИН за картичката на својата студентска е-пошта, која му е доделена од Универзитетот. За форматот на е-поштата и лозинката за истата можете да се информирате на линкот Најчесто поставувани прашања на официјалната веб-страница на Универзитетот, односно факултетот, или директно на линкот Која е Вашата лозинка за студентската пошта?

Студентите кои не ја активирале својата студентска е-пошта,  истото можат да го сторат преку упатството приложено на линкот Студентска е-поштa, на веб-страниците на факултетите.

Внимание: ПИН-от за картичката е единствен за секој студент и пораката која го содржи не е пожелно да се препраќа на друга електронска адреса или да се брише од е-поштата!

Сите студенти на УГД со овие легитимации ќе можат да купуваат или да користат услуги од одредени фирми по намалени цени. Ректорската управа донесе Одлука да се склучуваат договори со правни лица од цела Македонија, со цел да се договараат попустите кои овие правни лица (продавници, бутици, такси компании и сл.) ќе им ги даваат на студентите на УГД. За таа цел, објектите во кои студентите ќе имаат попуст или друг вид бенефиции ќе бидат обележани. Се планира во рамките на Универзитетот да се изработува билтен кој ќе ги содржи сите информации за тоа на кои места студентите можат да добиваат бенефиции и попусти. Договорите помеѓу правните субјекти и УГД ќе се склучуваат во Центарот за кариера и АЛУМНИ клуб на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Во блиска иднина, со помош на електронската картичката ќе може електронски да се пријавува и запишува семестар, да се пријавува испит, да се извршува финансиска трансакција, како и да се имплементира концептот на е-индекс.

Исто така, корисникот на картичката (вработен или студент) може да се најавува на универзитетската мрежа (универзитетските компјутери и безжичната мрежа). Вработените можат да вршат дигитално потпишување на службената е-пошта и да се најавуваат и одјавуваат на читачите на работно време на влезните врати на факултетите, а студентите можат да ја регистрираат својата присутност на предавањата.


Доколку имате проблеми со е-поштата информирајте не на : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.