Студентска е-пошта

 

Линк за најавување на студентска е-пошта: http://outlook.com/student.ugd.edu.mk

 



Активирање на студентска е-пошта

Доколку се најавувате на Вашата студентска е-пошта по прв пат, потребно е да извршите активирање на истата преку следниве три чекори (поради миграција на студентските електронски пошти на Live@Edu).

Чекор 1. Пристапете на https://pwdreset.ugd.edu.mk/PromenaLozinka.aspx и променете ја почетната лозинка на Вашата е-пошта на следниов начин:

- во полето корисничко име внесете: ime.broj_na_indeks (пр. jas.3300)*;

- во полето стара лозинка внесете ја вашата почетна лозинка**;

- во полињата нова лозинка и потврди нова лозинка внесете ја Вашата нова лозинка. Новата лозинка треба да содржи најмалку 8, а највеќе 16 карактери и тоа: мали букви, големи букви, броеви или специјални знаци;

- кликнете ОК.

* Полето ime заменете го со Вашето име, а полето broj_na_indeks заменете го со Вашиот број на индекс.

** Почетната студентска лозинка е во формат Ugd<матичен број>, каде што на местото на <матичен број> го внесувате Вашиот матичен број.
Пример за почетна лозинка: Ugd29021994456789

Чекор 2. Пристапете на линкот http://outlook.com/student.ugd.edu.mk и во полето Windows Live ID внесете ја вашата е-пошта во облик: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., а во полето Password внесете ја вашата нова лозинка.

Чекор 3. По извршување на чекорите 1. и 2. се појавува прозорец во кој треба да одберете јазик и временска зона. За јазик можете да одберете English, а за временска зона одберете: (UTC +01:00) Sarajevo, Skopje, Warsaw, Zagreb. На крај кликнете ОК.

Доколку успешно ја извршите активацијата ќе се отвори Вашата електронска пошта во Outlook Web App.

Откако ќе ја активирате Вашата е-пошта можете на истата да се најавувате директно преку линкот: http://outlook.com/student.ugd.edu.mk

Забелешка: Во иднина, чекорот 1 од ова упатство можете да го користите за промена на Вашата лозинка во било кое време.



Ресетирање на студентска лозинка за е-индекс, е-пошта и е-учење

За ресетирање на Вашата студентска лозинка, пристапете на https://pwdreset.ugd.edu.mk

- во полето за корисничко име внесете: ime.broj_na_indeks;

- во полето за матичен број внесете го Вашиот матичен број, и

- кликнете ОК.

Системот генерира соодветни пораки во зависност од внесените информации од Ваша страна. Комплетно упатство за ресетирање на лозинка е поставено на линкот Помош.