Наслов на предмет: Современ македонски јазик 3

Код: 4FF109712

Студиска програма: Англиски јазик и книжевност
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел):
Филолошки факултет Катедра за англиски јазик и книжевност Наставна насока

Степен (прв, втор, трет циклус): прв
Академска година / семестар: II година/III семестар
Број на ЕКТС кредити: 4
Наставник: Проф. Д-р Снежана Веновска – Антевска


Предуслови за запишување на предметот: Положени Современ македонски јазик 1 и 2

Цели на предметната програма (компетенции): Студентите се запознаваат со функциите на одделни зборовни групи во реченицата, со основните синтаксички единици, со граматичката и со модалната структура на реченицата. Се запознаваат со основните начини на зборообразувањето во македонскиот јазик. Способност за препознавање на функцијата на зборовните групи во синтаксичките единици. Способност за препознавање на одделни видови именски групи во реченицата. Познавање на основните граматички категории кај именската група

Содржина на предметната програма: Зборообразување. Морфосинтакса: функциите на зборовните групи во реченицата. Граматичките категории од аспект на морфосинтаксата. Функцијата на службените зборови во реченицата. Синтаксички врски, синтаксички средства и синатксички единици. Именска група и нејзините граматички категории.
Методи на учење: предавања, вежби, консултации
Вкупен расположив фонд на време: 120 часови
Распределба на расположивото време:

  • Предавања + вежби + консултации = 2 + 1 + 1
  • Предавања: 2 х 12 = 24
  • Вежби: 1 х 12 = 12
  • Друга форма на активности: 1 х 96 = 84

Форми на наставните активности:

  • Предавања - теоретска настава: 24 часови
  • Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: 12 часови

Други форми на активности

  • Проектни задачи: /
  • Самостојни задачи: 1 час
  • Домашно учење: /

Начин на оценување:

  • Тестови: 40+30 бодови
  • Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна): 10 бодови
  • Активност и учество: 20 бодови

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка):

  • до 50 бода 5 (пет) (F)
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)

Услов за потпис и полагање на завршен испит: 60% успех од сите предиспитни активности, т.е. минимум 42 бодови од двата колоквиуми, семинарската работа, редовноста на предавања и вежби
Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик
Метод на следење на квалитетот на наставата: Самоевалуација и евалуација од студенти
Литература

Задолжителна литература
1. КОНЕСКИ, Бл., Граматика на македонскиот литературен јазик Скопје-1967

2. КОНЕСКИ, К Зборообразувањето во современиот македонски јазик Скопје-1999

3. МИНОВА-ЃУРКОВА, Л Синтакса на македонскиот стандарден јазик Скопје-1994

Дополнителна литература
/