Наслов на предмет: Странски јазик 4 (Француски јазик 4)

Код: 4FF105312

Студиска програма: Германски јазик и книжевност
Организатор на студиската програма(единица, односно институт, катедра, оддел): Филолошки факултет

Степен (прв, втор, трет циклус): прв
Академска година / семестар: II година/IV семестар
Број на ЕКТС кредити: 4 
Наставникдоц. д-р Душко Алексовски


Предуслови за запишување на предметот: Положен писмен и устен испит по Француски јазик 3

Цели на предметната програма(компетенции): Усовршување на усното и на писменото изразување. Стекнување со знаење за основните морфолошки, синтаксички и фонолошки структури кои се неопходни за да се стекнат со способност за разбирање на францускиот јазик.

Содржина на предметната програма: Граматика: Неопределени придавки и заменки. Глаголски времиња во индикатив (futur antérieur, plus-que-parfait). Употреба на условен начин во сегашно и минато време. Изразување на последица, можност, траење и прогресија на дејства. Сложени реченици: независни, независни спротивни, зависни (целни, причински, последични). Индиректен говор пренесен во минато време - усогласување на времињата. Вокабулар: патувања и туризам, транспорт, наука и техника, литература, школство, историски настани. Култура и цивилизација: туристички предели, историја, регионите на југозападна и севороисточна Франција.

Методи на учење: Интерактивен: работа во групи, реферати, домашни работи, семинарски работи, предавање, дискусија, дебата, техники на кооперативно учење, индивидуални задачи, симулација на воннаставни воспитно-образовни активности, самостојно учење.

Вкупен расположив фонд на време: 120часови

Распределба на расположивото време:

  • Предавања + вежби + консултации = 2+1+1
  • Предавања: 2 х 12 = 24
  • Вежби: 1 х 12 = 12
  • Друга форма на активности: 1 х 84 = 84

Форми на наставните активности:

  • Предавања - теоретска настава: 36 часови
  • Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: 24 часови

Други форми на активности

  • Проектни задачи: /
  • Самостојни задачи: 1 часови
  • Домашно учење: /

Начин на оценување:

  • Тестови: 70 бодови
  • Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна): 10 бодови
  • Активност и учество: 20 бодови

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка):

  • до 50 бода 5 (пет) (F)
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)

Услов за потпис и полагање на завршен испит: 60% успех од сите предиспитни активности, т.е. минимум 42 бодови од двата колоквиуми, семинарската работа, редовноста на предавања и вежби
Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик
Метод на следење на квалитетот на наставата: Самоевалуација

Литература

Задолжителна литература

  1. Guy Capelle, Robert Menand, Taxi! 1 Méthode de français, Hachette 2002
  2. Guy Capelle, Robert Menand, Taxi! 1 Méthode de français. Cahier d'exercices, Hachette 2002

Дополнителна литература

  1. АТАНАСОВ, ПОПОСКИ, Француско - македонски речник, Просветно дело 1992
  2. ПОПОСКИ, АТАНАСОВ, Македонско - француски речник, Просветно дело 1992