Наслов на предмет: Народни инструменти 1

Код: 4FU103212

Студиска програма: Теорија на музиката и музичка педагогија
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел): Теорија Факултет за музичка уметност – катерда по теорија на музиката и музичка педагогија
Степен (прв, втор, трет циклус): прв
Академска година / семестар: втора година/трет семестар
Број на ЕКТС кредити: 4
Наставник: Проф. м-р Марјан Јанкоски
Предуслови за запишување на предметот: Поседување на љубов и интерес кон изучувањето на народните инструменти.

Цели на предметната програма(компетенции): да развива интерес и љубов кон народната музика и народните музички инструменти; да иницира практика на музицирање на народните инструменти;

Содржина на предметната програма: Извори, истражувања и сведоштва за актуелноста на народните инструменти кавал, тамбура и гајда на овие простори; Улогата и функцијата на народните музички инструменти кавал, тамбура и гајда во изворната народна музика во Македонија; Правилна поставеност на музичките инструменти (тело, раце, прсти, глава), Правилен начин на дишење, Видови на штимови на инструменти, Озвучување на инструментите.


Методи на учење: Предавања, вежби, семинарска работа, консултации.

Вкупен расположив фонд на време: 101 часови

Распределба на расположивото време:

  • Предавања: 12
  • Вежби: 12
  • Друга форма на активности: 77

Начин на оценување:

  • Тестови: 30 бодови
  • Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна): 30 бодови
  • Активност и учество: 40 бодови

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка):

  • до 50 бода 5 (пет) (F)
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)

Услов за потпис и полагање на завршен испит: 60% успех од сите предиспитни активности т.е. 42 бодови од двата колоквиуми, семинарската, редовноста на предавања и вежби
Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик
Метод на следење на квалитетот на наставата: Самоевалуација

Литература

Задолжителна литература

  1. Џимревски Боривое, Гајдата во Македонија, Институт за фолклор, 1996
  2. Линин Александар, Народните инструменти во Македонија, Скопје, 1986
  3. Даутовски Драган, Тамбурата во Македонија,DDQ Produktion, Скопје, 2011
  4. Даутовски Драган, Кавалот во Македонија, ФМУ-Скопје, ракопис, 2008

Дополнителна литература

  1. Линин Александар , Македонски инструментални орски мелодии, Институт за фолклор, Скопје, 1978