Наслов на предмет: Маркетинг на пазарот

Код: 4FT104212

Студиска програма: Бизнис логистика
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел): Факултет за туризам и бизнис логистика
Степен (прв, втор, трет циклус): прв
Академска година / семестар: Втора година Четврт семестар
Број на ЕКТС кредити: 8
Наставник: Доц. д-р Елизабета Митрева
Предуслови за запишување на предметот: Запишана втора година на студии

Цели на предметната програма (компетенции): Цел на предметот е студентите да добијат основни знаења за маркетинг концепцијата во работењето на претпријатијата и како таа функционира во практиката. Во таа смисла е и потребата да добијат пошироки знаења од маркетингот поaѓајќи од фактот дека во центарот на интересот на секое претпријатија тие е потрошувачот и неговите потреби и желби кои треба да се осознаат со цел истите да бидат задоволени. Тоа ќе се постигне преку произвоидте што се нудат на пазарот, цените по кои се нудат, каналите на дистрибуција и промотивните активности кои имаат за цел информирање и убедување на потрошувачите.

Содржина на предметната програма: Основи на маркетинг; Глобален маркетинг приод; Развој на маркетинг концепт; Основни фактори од кои зависи примената на маркетингот; Влијание на макро и микро околината врз маркетингот; Пазар; Пазар за лична потрошувачка и однесување на потрошувачите,Процес на донесување одлука за купување; Маркетинг менаџмент; Подготовка на маркетинг план; Што е производ; Елементи на производ; Процес на развој на нов производ; Планирање производи и услуги; Пазар за производствено услужна потрошувачка; Фокусирање на маркетинг стратегијата со сегментација и позиционирање; Формирање цени и ценовни политики; Промоција и унапредување на продажбата; Дистрибуција; Сервис и логистика; Маркетинг и нформацион систем; маркетинг истражување.

Методи на учење: предавања со PowerPoint презентација, дискусии, изработка на семинарска работа, консултации.
Вкупен расположив фонд на време: 216 часови
Распределба на расположивото време:

  • Предавања + вежби + консултации = 3+2+2
  • Предавања: 3 часa неделно
  • Вежби: 2 час неделно
  • Друга форма на активности: 2 час неделно

Форми на наставните активности:

  • Предавања - теоретска настава 36 часови
  • Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 24 часови

Други форми на активности

  • Проектни задачи 8 часови
  • Самостојни задачи 6 часови
  • Домашно учење 7 часови

Начин на оценување:

  • Тестови: 70 бодови
  • Семинарска работа/проект семинарска (писмено и усно) 10 бодови
  • Активност и учество 20 бодови

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка):

  • до 50 бода 5 (пет) (F)
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)

Услов за потпис и полагање на завршен испит: 60% успех од сите предиспитни активности т.е. 42 бодови од двата колоквиуми, семинарската, редовноста на предавања и вежби
Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик
Метод на следење на квалитетот на наставата: Самоевалуација

Литература

Задолжителна литература
1. Снежана Ристевска-Јовановска, Бошко Јаќовски Маркетинг Економски факултет, Скопје 2009

Дополнителна литература
1. Снежана Ристевска-Јовановска Маркетинг: теорија и практика Економски факултет, Скопје 2010
2. Ph.Kotler  and G. Armstrong Маркетинг менаџмент Датапонс ДООЕЛ, Скопје 2007
3. B. Frances and S. Pettitt Essentials of Marketing  Education Limited 2007