Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е државен универзитет, рангиран на второто место на листата на државни универзитети во Република Македонија. Со целосно дигитализирана и квалитетна настава, најсовремена опрема и модерна технологија, Универзитетот стана и избор на голем број странски студенти кои ги живеат своите визии токму во Република Македонија.