Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

 
 
 
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Продолжување на студии во 4-та студиска година

Согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, студентите кои студираат на студиски програми акредитирани во формат 3 + 1 и се стекнале со диплома за тригодишни студии, имаат право да продолжат во 4-та студиска година и да се стекнат и со диплома за завршено четиригодишно високо образование.

Процедурата за запишување во 4-та година на студии за оваа категорија на студенти е следна:

- Студентот поднесува барање за продолжување на студиите во четврта година со уплата во износ од 50,00 денари за административна такса (таксена марка) на шалтер на Одделот за архива на студентски досиеја за прв, втор и трет циклус на студии;
- Врз основа на поднесеното барање се донесува одлука од страна на Наставно-научниот совет на факултетот / еден примерок од одлуката се доставува и до студентот (референтот во Одделот за архива на студентски досиеја за прв, втор и трет циклус на студии го анимира студентот за статусот на одлуката).
- Во случај на позитивна одлука, се реализира активирање на електронското досие и студиите, по што студентот пристапува кон административно и практично студирање во 4-та студиска година (со упис на 7-ми семестар и сите наредни активности).

Студентите кои го продолжуваат процесот на студирање (упис во 4-та студиска година), веднаш по завршувањето на тригодишното високо образование, во смисла да нема прекин од најмалку една учебна година од завршувањето, не плаќаат дополнителни трошоци за продолжување на студирањето, освен предвидените трошоци за упис на семестар, согласно официјалната Одлука за висината на надоместоците што ги плаќаат студентите за образование и административни услуги на Универзитетот за прв, втор и трет циклус на студии. Во спротивно доколку постои прекин од најмалку една учебна година студентот е потребно да уплати 6000,00 денари за активирање на студиите и продолжување на истите во 4-та студиска година, .

Крајниот рок за реализација на погоре наведените активности е 15.09.2016 година,  вклучувајќи ги како една целина сите активности. Во спротивно по изминувањето на дадениот рок продолжување на студиите во четврта година е невозможно.

Студентите кои се запишани и дипломирани на студиска програма која е акредитирана различно од форматот 3+1, немаат право да го продолжат своето образование во 4-та студиска година и доколку за истата насока има нова акредитација во неопходниот формат (3+1) од повисока студиска генерација.