E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Упис на непарен семестар и пријавување на испити

Упис на непарен семестар во учебна 2017/2018 година и пријавување на испити во Августовска испитна сесија и Септемвриска (дополнителна) испитна сесија 2017 година

Се информираат студентите од прв циклус на студии дека рокот за упис на непарен семестар во учебна 2017/2018 година е од 14.08.2017 до (заклучно со) 15.09.2017 година.

Студентите од генерациите 2007/2008 и 2008/2009, овие активности ќе може да ги реализираат на шалтер  на студентска служба.

Во прилог е легенда на потребните уплати за сите можни случаи на упис на непарен семестар, во зависност од начинот на студирање и начинот на плаќање, кои е потребно да се реализираат при упис на непарен (1, 3, 5, 7, 9 и 11) по прв пат, втор пат, трет пат или повисок пат.

Во прилог е легенда на потребните уплати за упис на апсолвентски семестар во зависност од начинот на студирање и начинот на плаќање.

Потребни кредити за упис на повисок непарен семестар:

-       За упис на 3-ти семестар се потребни минимум 36 кредити;

-       За упис на 5-ти семестар се потребни минимум 90 кредити;

-       За упис на 7-ми семестар се потребни  минимум 150 кредити;

-       За упис на 9-ти семестар се потребни минимум 210 кредити, и

-       За упис на 11-ти семестар се потребни 270 кредити.

Термините за реализација на испити се:

- Пријавување на испити во Августовска испитна сесија 2017 година: Од 07.08.2017 (00:00 часот), до (заклучно со) 13.08.2017 (23:59 часот),

- Пријавување на испити во Септемвриска (дополнителна) испитна сесија 2017 година: Од 23.08.2017 (00:00 часот), до (заклучно со) 27.08.2017 (23:59 часот),

- Полагање на испити:

- Августовска испитна сесија 2017 година: Од 14.08.2017 до (заклучно со) 22.08.2017, и

- Септемвриска (дополнителна) испитна сесија 2017 година: Од 28.08.2017 до (заклучно со) 05.09.2017.

- Резултати од испити:

- Августовска испитна сесија 2017 година: Од 23.08.2017 до (заклучно со) 27.08.2017, и

- Септемвриска (дополнителна) испитна сесија 2017 година: Од 06.09.2017 до (заклучно со) 10.09.2017

Тарифникот за пријавување на испити е прикажан во продолжение: