Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Соопштение за креирани кориснички профили на студентите запишани во прва година - 2017/2018 г.

Студентите на прв циклус студии кои се запишани на конкурс или со префрлување на УГД во прва студиска година во учебна 2017/2018 година се прикажани на следната ЛИСТА.

Студентите на прв циклус студии кои се запишани на конкурс или со префрлување на УГД во прва студиска година во учебната 2017/2018 година се прикажани на следната ЛИСТА. Листата континуирано ќе се ажурира, во согласност со уписните рокови и обработката на податоците од страна на Универзитетот.

За сите студенти од листата се генерирани броеви на индекси и се креирани кориснички профили за следните ресурси:

- Е-индекс;

- Е-учење;

- Е-пошта.

За сите студенти во Е-индекс автоматски е запишан првиот семестар и се внесени изборните предмети во согласност со семестралниот лист пополнет при запишување.

За сите горенаведени електронски ресурси од страна на студентот се користи ИСТОТО корисничко име/лозинка, чијшто формат е:

- Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)

- Иницијална лозинка: Ugd<Матиченброј> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матиченброј> се внесува матичниот број на студентот.

Поради безбедносни причини се препорачува да се промени иницијалната лозинка при првото најавување на кој било од горенаведените електронски ресурси.

Листа на студентите запишани во прва година учебна 2017/2018 г.