Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Соопштение за креирани ресурси на студентите запишани во прва година во учебна 2018/2019 г.

Студентите на прв циклус студии кои се запишани на конкурс или со префрлување на УГД во прва студиска година во учебна 2018/2019 година се прикажани на следната ЛИСТА. Листата континуирано ќе се ажурира, во согласност со уписните рокови и обработката на податоците од страна на Универзитетот.

За сите студенти од листата се генерирани броеви на индекси и се креирани кориснички профили за следните ресурси:

Е-индекс

Е-учење

Е-пошта

За сите студенти во Е-индекс автоматски е запишан првиот семестар и се внесени изборните предмети во согласност со семестралниот лист пополнет при запишување.

За сите горенаведени електронски ресурси од страна на студентот се користи ИСТОТО корисничко име/лозинка, чијшто формат е:

- Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)

- Иницијална лозинка: Ugd<Матичен број> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матичен број> се внесува матичниот број на студентот.

Поради безбедносни причини се препорачува да се промени иницијалната лозинка при првото најавување на кој било од горенаведените електронски ресурси.

 

Листа на студенти 2018/19