Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Заверка на непарен семестар во учебна 2019/2020 година

Се информираат студентите од прв циклус на студии дека согласно календарот на годишни активности терминот за заверка на непарен семестар во учебна 2019/2020 година е од 23.12.2019 до (заклучно со) 31.12.2019 (23:59 часот). 

Предуслови за заверка на непарен семестар се:

- Електронски потпис по сите предмети за редовните студенти. Постои можност за купување најмногу до 2 потписи (100 денари од кредит на приходна шифра 723019);

- Проектни задачи по сите предмети (100 денари за една проектна задача на приходна шифра 723013);

- 200,00 денари за заверка на семестар на приходна шифра 723019 (+ останати трошоци, доколку студентот должи, по основ партиципација или друг основ).