Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Распоред за доделување дипломи на прв, втор и трет циклус студии

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, традиционално ќе се доделуваат дипломи на дипломираните студенти на сите три циклуси на студирање.

Дипломите ќе бидат доделени по следниов распоред:

ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ
1. Економски факултет – 21 март (четврток), 10 часот, Мултимедијален центар;
2. Факултет за медицински науки – 21 март (четврток), 11 часот, Мултимедијален центар;
3. Факултет за образовни науки – 21 март (четврток), 13 часот, свечена сала на ФОН;
4. Филолошки факултет – 20 март (среда), 12 часот, амфитеатар на Кампус 4;
5. Земјоделски факултет – 18 март (понеделник), 12 часот, свечена сала на Кампус 2;
6. Факултет за природни и технички науки – 19 март (вторник), 11 часот, амфитеатар 2 на Кампус 2;
7. Факултет за информатика – 18 март (понеделник), 14 часот, свечена сала на Кампус 2;
8. Факултет за туризам и бизнис логистика – 19 март (вторник), 12 часот, амфитеатар на Кампус 4;
9. Правен факултет – 18 март (понеделник), 13.30 часот, свечена сала на Правен факултет;
10. Ликовна академија, Филмска академија и Музичка академија – 26 март (вторник), 10 часот, простории на Музичка академија;
11. Технолошко-технички факултет, Електротехнички факултет и Машински факултет – 19 март (вторник), 12.30 часот, свечена сала на Кампус 2 (Земјоделски факултет).

ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ
Промоцијата на доктори на науки и доделувањето на дипломите на трет циклус студии ќе се одржи на 26 март 2019 г., со почеток во 13 часот, во свечената сала во Ректоратот на  Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.