Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Известување за прекин на наставниот процес

Почитувани студенти,
Поради актуелната состојба со ширењето на Ковид-19 во Европа, како и заклучоците на Владата од 15-та редовна седница, ве известуваме дека во наредните 14 дена наставниот процес на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе биде прекинат.

Сите материјали за предавањата и вежбите по соодветните предмети во тековниот семестар, ќе ви бидат достапни на платформата е-учење, а наставниците и соработниците ќе бидат во постојан контакт со вас преку електронската платформа и електронската пошта.

Истовремено, се одложуваат и сите останати активности на УГД, нема да се одржат ни предвидените спортски игри, како и свеченото доделување на дипломи на дипломираните студенти. За евентуалните измени навремено ќе бидете информирани.

Доколку постои итна потреба, дипломата може да се подигне во координација со Димитар Љуботенски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..