Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Информации за настава во Зимски семестар 2020/21

Од 5 октомври до 31 октомври 2020 година, секој новозапишан студент, на шалтерот на одделението за студентска архива е потребно:

  • Да приложи потврда за лично годишно осигурување во осигурителна компанија по избор на студентот, со минимален износ од 150,00 денари за тековната година, и
  • Да потпише договор за студирање на УГД (ќе му биде даден на увид и потпис при посетата), и
  • Да приложи Три фотографии (2 од 6х9 и 1 од 4х5).

Корисничко име/лозинка

Сите студенти запишани на Универзитетот добиваат профил за користење на електронските ресурси на Универзитетот: студентска е-пошта, е-индекс, е-библиотека, е-учење.

При најава на сите електронски ресурси од страна на студентот се користи ИСТОТО корисничко име/лозинка во следниот формат:

  • Корисничко име: ime.BrojNaIndeks (пример: ivana.12345)
  • Иницијална лозинка: Ugd<Матичен број> (пример: Ugd0101991111111), каде што на местото на записот <Матичен број> се внесува матичниот број на студентот.

Поради безбедносни причини се препорачува да се промени иницијалната лозинка при првото најавување на кој било од горенаведените електронски ресурси.

Настава

Наставата зимскиот семестар ќе се одвива хибридно:

  • Теоретската настава, односно предавањата, индивидуалната настава и други облици и обврски кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, да се спроведуваат ОНЛАЈН.
  • Практичната настава (вежбите, лабораториски, клинички) ќе се одвиваат КОМБИНИРАНО (онлајн и со физичко присуство во согласност со здравствените протоколи) во зависност од спецификата на наставната дисциплина и бројот на студентите во лабораториите и објектите на Универзитетот.
  • Испитите, колоквиумите и другите форми на континуирана проверка на знаењето ќе се одржуваат КОМБИНИРАНО (онлајн и со физичко присуство) според потребите и големината на групите.

Наставата ќе се одвива преку:

Microsoft Teams

Алатката е составен дел од MS Office и секој студент може да се логира со истото корисничко име/лозинка. Потребно е да го пронајдете Microsoft Teams на вашиот компјутер или да го инсталирате.

Потребно е студентите да го следат распоредот истакнат на Е-распоред (линк)

Предавањата ќе започнат на 13.10.2020 година по истакнатиот распоред.

За секое предавање е потребно да се логирате 10 минути пред започнувањето на предавањето и ќе бидете вклучени од вашиот професор.

Важно – вие не правите повик, ви доаѓа известување за join meeting.

Е-учење (линк)

Оваа Moodle платформа ќе се користи за:

  • Настава преку креираните курсеви за скоро сите предмети од студиските програми,
  • Спроведување на електронски колоквиум и испит во зависност од планот за работење на професорот;
  • Календар на активности;
  • Место за преземање, преглед и оценување на семинарски задачи;
  • Место за ефективна комуникација со студентите (соопштенија, резултати, форуми, пораки);

Најавувањето се врши со ИСТОТО корисничко име/лозинка.

Е-пошта (линк)

Место каде што студентите ќе ги добиваат сите информации поврзани со наставата. Најавувањето се врши со ИСТОТО корисничко име/лозинка.

Е-индекс (линк)

Преку електронскиот индекс се овозможува електронски упис и заверка на семестар, електронско пријавување на испити и семинарски работи, објава на електронски резултати, електронска огласна табла, перманентна електронска комуникација и електронски консултации со наставниот и соработничкиот кадар.

Најавувањето се врши со ИСТОТО корисничко име/лозинка.

E-библиотека (линк)

Е студентски сервис каде можат да се најдат сите учебници и учебни помагала за бесплатно користење.

Најавувањето се врши со ИСТОТО корисничко име/лозинка.

Академски календар (линк)

Служи за подобра информираност на студентите за активностите кои се одвиваат во даден период на УГД. Овде се дефинирани сите термини за полагања, колоквиуми и административни активности.

Поради пандемијата академскиот календар понекогаш претрпува промени за кои ќе бидете навремено информирани преку делот за Соопштенија. 

Моментално е со изработка академскиот календар за 2020/21 година и истиот ќе биде истакнат наскоро.

Контакт со факултети (линк)

Контактот со професорите и административно техничкиот кадар на факултетите се врши преку истакнатите контакти на сајтот на секој факултет.

  • Контакт информациите на професорите се наоѓаат во делот Наставен кадар.
  • Контакт информациите на административно техничкиот кадар се наоѓа на почетната страна на секој факултет.