Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Соопштение за упис на непарен семестар во учебна 2020/2021 година

Се информираат студентите од прв циклус на студии дека уписот на непарен семестар во учебна 2020/2021 година е во тек и ќе трае заклучно со 09.10.2020 година.

Студентите од генерациите 2007/2008 и 2008/2009, овие активности ќе може да ги реализираат на шалтер  на студентска служба.

Напомена: Студентите кои што имаат услов за повисока студиска година, запишуваат апсолвентски семестар или запишуваат година по втор или повисок пат (и не планираат пријавување на испити од предмети кои ќе се презапишат), може да го сторат тоа без влијание на тековната и претстојните сесии, додека оние што треба да добијат услов, запишувањето на семестар да го реализираат по стекнувањето со оцени од претстојните условни сесии, заклучно со Септемвриска (двојна) сесија 2020.

Во прилог е легенда на потребните уплати за сите можни случаи на упис на непарен семестар, во зависност од начинот на студирање и начинот на плаќање, кои е потребно да се реализираат при упис на непарен (1, 3, 5, 7, 9 и 11) по прв пат, втор пат, трет пат или повисок пат.

Во прилог е легенда на потребните уплати за упис на апсолвентски семестар во зависност од начинот на студирање и начинот на плаќање.

Потребни кредити за упис на повисок непарен семестар:

-       За упис на 3-ти семестар се потребни минимум 36 кредити;

-       За упис на 5-ти семестар се потребни минимум 90 кредити;

-       За упис на 7-ми семестар се потребни  минимум 150 кредити;

-       За упис на 9-ти семестар се потребни минимум 210 кредити, и

-       За упис на 11-ти семестар се потребни 270 кредити.