E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Студентски домови во Штип

Во Штип, како град-седиште на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, се сместени најголемиот број наставни центри на факултетите на УГД и функционираат неколку студентски домови за сместување на студентите.

Со Одлука на Владата на Република Македонија во Штип се основани четири студентски домови, кои нудат сместувачки капацитети за голем број студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“.


Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ на студентите им нуди обезбедување,  сместување и исхрана, како и културни, информативни и спортско-рекреативни настани. 


Приватниот студентски дом „Хилјадников“

Студентскиот дом „Хилјадников“ е лоциран во центарот на градот Штип.

Обезбедува сместување и исхрана (ручек и вечера) за 60 студенти.

Сите соби се климатизирани и опремени со сопствен тоалет, мини кујна и фрижидер, (во секоја соба посебно) телевизор, кабелска ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет.

Студентскиот дом „Хилјадников” располага со читална, кујна со трепезарија, перална, студентски клуб, фитнес клуб, пинг-понг. Објектот е со постојан видео надзор и контролиран електронски влез.

Контакт:

+389 (032) 606 722

+389 (0) 78 968 302

Адреса: ул. „Ген. Михајло Апостолски“ 18 – Штип
веб-страница: www.hiljadnikov.com.mk,
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Facebook: https://www.facebook.com/hiljadnikov.studentskidomstip

 


Приватниот студентски дом „Оаза“ нуди сместување за 120 лица, студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Овој приватен студентски дом со вкупна површина од 1.731 м2 е лоциран во строгиот центар на градот на улица „Маршал Тито“ бб.


Приватниот студентски дом „Logos“ располага со вкупен капацитет од 52 легла (еднокреветни, двокреветни, трокреветни и четворокреветни) апартмани од кои секој е со засебна бања. Секоја соба е опремена со LCD телевизор Wi-Fi, фрижидер, гардеробер и дополнителна потребна опрема за секој студент.

Повеќе информации:

Контакт телефони: +389 32 389 047; моб.: +389 70 264 438;  +389 70 257 264
(адреса:  ул. „11 Конгрес бр.53, Штип) 
веб-страница: http://logos.mk/
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Facebook: https://www.facebook.com/LogosStip?fref=ts