Минералогија

Наслов на наставниот предмет: Минералогија

Код: 2FP110212

Студиска програма: Геологија
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел): ФПТН
Степен (прв, втор, трет циклус): Прв циклус
Академска година / семестар: 1/2 
Број на ЕКТС кредити: 8 
Наставник: Проф. д-р Тена Шијакова-Иванова 
Предуслови за запишување на предметот: нема

Цели на предметната програма (компетенции): Основната цел на предметот е студентите да стекнат знаења за минералите. Нивниот постанок, физичките и хемиските својства и класификацијата на минералите

Содржина на предметната програма: Елементи на симетрија; Зони; Координациони состави; Основни површини; Закон за рационалниот однос на параметрите; Милерови индекси; Милерови симболи; Закон за постојаност на аглите; Проекции во кристалографијата; Кристални класи; Близнење; Единечни челии; Бравеови решетки; Просторни групи; Правци и мрежни рамнини во структурата; Ретгенски зраци и нивна примена; Физички особини на минералите (тврдина, цепливост, кршење, издвојување и др. ); Деформации на минералите; Електрични, магнетски и термички својства на минералите; Кристална оптика; Вибрациски правци; Индекс на прекршување, рељеф; Двојно прекршување; Псеудоапсорпција; Боја, плеохроизам; Оптичка индикатриса; Дисперзија; Поларизациски микроскоп; Интерференциски бои; Оптички изоторпни и анизотропни пресеци; Потемнување, Оптички едноосни и оптички двоосни минерали; Кристалохемија; Врсти на хемиски врски; Координационен број и полиедер; Типови на структури; Полиморфизам и изоморфизам; Цврсти раствори; Вода во минерали;На основа на составот ќе бидат презентирани следните групи на минерали и тоа : самородни елементи; сулфиди; халогениди; оксиди, нитрати и борати сулфати; волфрамати, молибдати, фосфати, арсенати, ванадати, силикати и органски споеви.

Методи на учење: Предавања со компјутерска презентација, дискусии, изучување на практични случаи, изработка на семинарска работа.
Вкупен расположив фонд на време: 216 часови 
Распределба на расположивото време

  • Предавања + вежби + консултации = 3 + 2 + 2 
  • Предавања: 3 х 12 = 36 
  • Вежби: 2 х 12 = 24 
  • Друга форма на активности: 1 х 156 = 156 

Форми на наставните активности

  • Предавања- теоретска настава: 36 часови 
  • Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа: 24 часови 

Други форми на активности

  • Проектни задачи: 24 часови 
  • Самостојни задачи: 24 часови 
  • Домашно учење: 108 часови 

Начин на оценување

  • Тестови: 70 бодови 
  • Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна): 10 бодови 
  • Активност и учество: 20 бодови 

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

  • до 50 бода 5 (пет) (F) 
  • од 51 до 60 бода 6 (шест) (E) 
  • од 61 до 70 бода 7 (седум) (D) 
  • од 71 до 80 бода 8 (осум) (C) 
  • од 81 до 90 бода 9 (девет) (B) 
  • од 91 до 100 бода 10 (десет) (A) 

Услов за потпис и полагање на завршен испит: 60% успех од сите предиспитни активности т.е. 42 бодови од двата колоквиуми, семинарската, редовноста на предавања и вежби 
Јазик на кој се изведува наставата: Македонски јазик 
Метод на следење на квалитетот на наставата: Самоевалуација 
Литература

  • Задолжителна литература 
    • 1. Тена ШијаковаИванова Минералогија, УГД, Штип, 2011 
    • 2. Bermanec, V., Sistematska mineralogija – mineralogija nesilikata, Targa, Zagreb, 1999 
    • 3. Slovenec, D., Bermanec, V Sistematska mineralogija – mineralogija silikata, Denona, Zagreb, 2003 
  • Дополнителна литература 
    • 1. Иван Костов, Минералогија Техника, Софија, 1993 
    • 2. Hans-Rudolf Wenk and Andrei Bulakh, Minerals: Their constitution and Origin, Cambridge Univ.Press, 2004