Мисија, визија и цели


Мисија

Теренската лабораторија за животна и работна средина посебен акцент става на научните истражувања, како и на сервисирање на потребите на индустриските компании за мониторинг и контрола на квалитетот на атмосферата во работните простории и животната средина и утврдување на нивото на персонална експозиција на одделни штетности: гасови и пареи, цврсти честички и влакна, биоаеросоли, бучава...

Поседува специјализирани софтвери за обработка и анализа на податоците, како и софтвери за предикција и моделирање на одделните појави поврзани со концентрацијата/нивоата на контаминантите во работната и животната средина.

Комплетно е ставена на располагање на студентите од прв, втор и трет циклус на Факултетот за природни и технички науки, за научни истражувања во рамки на изработката на нивните дипломски, магистарски трудови како и за изработка на докторски дисертации.

Отворена е за соработка со сите заинтересирани страни, индустриски компании за контрола на квалитетот на работната и животната средина, како и за државните институции и тела чијашто надлежност е контрола на квалитетот на работната и животната средина.

Нашата мисија ја остваруваме преку тимска работа, заснована на соработка, доверба, меѓусебно почитување, мотивација и наградување на секој успех.


Визија

Наша визија е прераснување во високотехнолошка лабораторија на државно ниво која со истражувањата и примена на политиката на квалитет, политиката за заштита на животнта средина и политиката за безбедност и здравје при работа ќе биде препознатлива како современ, квалитетен и доверлив партнер во ефикасно решавање на проблемите поврзани со контрола на квалитетот на работната и животната средина, како и остварување на научен придонес во останати области.


Цели

Основна цел на лабораторијата е успешно завршување на веќе започнатата постапка за акредитација согласно МКС EN ISO/IEC 17025:2006, набавка на нова пософистицирана опрема и одржување на постојната, набавка на дополнителни специјализирани софтвери за обработка и анализа на податоците, како и софтвери за предикција и моделирање на поедините појави поврзани со концентрацијата/нивоата на контаминанти во животна и работна средина, континуирано стручно и научно усовршување на соработниците во земјата и странство, размена на искуства со домашни и странски лаборатории од ваков вид.