Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Работилница: Бенефициите од програмата Еразмус во правец на развој на нови капацитети на УГД (ТТ ПАРК)

6.11.2018 г. во Свечената сала на Правeн факултет

Универзитетот „Гоце Делчев“ има усвоено иницијатива за воспоставување Центар за пренос на знаења и технологии. Истиот би се реализирал во тесна соработка со центрите за развој на Источниот и на Вардарскиот плански регион, од што корист ќе имаат компании кои имаат потреба од развој на нови технологии, подобрување на ефикасноста од своето работење, воведување нови технологии, но корист ќе имаат и наставниците и студентите од нашиот универзитет.

Преку програмата Ерасмус+ во текот на октомври тим од УГД беше во посета на Центарот за трансфер на технологии при Политехничкиот универзитет во Гдањск, Полска, и се запозна со целокупната структура и со развојот на документи за беспрекорно функционирање на една организација од таков домен.

Во рамки на нововоспоставената соработка со Политехничкиот универзитет од Гдањск, во периодот 5-8.11.2018 година, гостин на Универзитетот „Гоце Делчев" – Штип ќе биде г. Кржиштоф Малицки, советник на ректорот на Политехничкиот универзитет во Гдањск за комерцијализација на интелектуална сопственост и раководител на ТТ парк.

Заради подобрување на знаењата на вработените на Универзитетот „Гоце Делчев" – Штип, за целите и користа од постоењето на таква институција ја користиме можноста да ве поканиме на панел дискусија на која говорник ќе биде  г. Малицки.

 Ве очекуваме.

 

Програма

13:30 – 14:15 ч.                     Панел дискусија

14:15 – 14:45 ч.                     Прашања и одговори