Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Вебинар „Twain and Wilde, parallel but diverse"

30 ноември 2021 г. (вторник) - 13:00 часот

Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип ќе организира вебинар на тема „Twain and Wilde, parallel but diverse".

Вебинарот ќе се одржи на 30 ноември 2021 г. во 13:00 часот. 

На темата ќе говорат доц. д-р Наталија Поп Зариева и д-р Марија Крстева.

Датумот 30 ноември е симболичен. За Марк Твен, значи почеток на животот, додека, пак, на овој ден, Оскар Вајлд го завршува својот животен пат.  

По тој повод, ќе бидат проследени најважните аспекти од животот и творештвото на двајцата автори, откривајќи ги сличностите и разликите во непресушното литературно богатство кое го оставиле.

Линк за пристап: https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_NDg4ZDQ3MGMtODAxNC00MjUwLWExMTEtZGRhZDE5MzU1OTg3%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%2244e77a94-f072-4e8f-821a-fc2dc02cc65d%22%2c%22Oid%22%3a%2244fa47a8-99db-414a-babe-7d0ddfe63c2e%22%7d