Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Ликовна академија, Факултет за архитектура и дизајн и Технолошко- технички факултет со заедничка изложба

20 мај 2021 г. (четврток) - 12:00 часот

Трите факултети во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе реализираат заедничка годишна изложба во НУ „Безистен“ во Штип. Изложбата ќе биде отворена на 20.5.2021 во 12 часот, насловена како „Помеѓу личноста и просторот - (не)време".

Ликовната академија и Факултетот за архитектура и дизајн ќе се претстават со проекти, цртежи, скулптури и слики, а Технолошко-техничкиот факултет ќе се претстави со моден перформанс и изложба на модни фотографии. 

Поради ситуацијата со пандемијата со ковид-19, годишната изложба ќе се одржи преку интернет, а гледачите ќе можат да ја следат на YouTube каналот на УГД.

Целта на изложбата е да се види дека и во време на пандемија и вонредни услови студентите можат креативно да творат и да создаваат. Пандемијата може да послужи како инспирација, но и како креативен поттик. Во време во кое светот застана пред предизвикот со пандемијата, студентите заедно со нивните ментори успеаја тој предизвик да го претворат во инспирација и да создадат нови дела и креации.