Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Вебинар на тема „Вакцините – глобален предизвик за побезбедно здравје“

12 маj 2021 г. (четврток) - 16:30 часот

Студентски организирана медицинска асоцијација со задоволство ве поканува на уште едно од низата предавања, вебинари и научни средби за обновување, подобрување и надополнување на знаењето од областа на медицината, на студентите на медицинските науки, но и општото население.

На 12.5.2021 во 16:30 часот уживајте во краткото научно излагање на тема „Вакцините-глобален предизвик за побезбедно здравје“ во кое ќе се потрудиме да ги изнесеме клучните и неопходни информации од областа на имунизацијата.

Предавачи: доц. д-р Сотирија Дувлис и проф. Александар Цветковски.

Бројот на места е ограничен, затоа осигурете го вашето место преку пополнување на следнава апликација:

https://docs.google.com/forms/d/1Dr_y7DvE3MM_je1G3pKL0x-2a1fGOyaweqdZ65eh4RU/viewform?edit_requested=true&gxids=7628

Настанот ќе може да се следи онлајн на Microsoft Teams, линкот ќе биде објавен на официјалната страница на СОМА непосредно пред настанот.

Настанот е сертифициран!

Фејсбук линк од настанот: Facebook