Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Јавно предавање по повод 200-годишнината од раѓањето на Ф.М. Достоевски

По повод 200-годишнината од раѓањето на рускиот писател Ф.М. Достоевски, Институтот за применета философија и етика на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип ве поканува на јавно предавање со наслов „Вечниот Достоевски“, кое ќе го одржи професор д-р Трајче Стојанов.

Заради постојните ковид-протоколи, предавањето ќе биде онлајн, во петок (26.11.2021) од 10.30 до 11.30 часот на платформата Microsoft Teams и е од јавен карактер.

На предавањето поздравна реч ќе има и рускиот аташе за култура при Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, господинот Дмитриј Сачук.

Приклучете се на предавањето на следниов линк:

Click here to join the meeting