Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

 
 
 
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Проректор за настава

Основните задачи и должности на проректорот за настава се во делот на организирање на наставата на Универзитетот. Во потесна смисла овде спаѓаат прашањата кои се однесуваат на дефинирање на условите и критериумите за студирање во прв циклус студии, обезбедување на ефикасност и квалитет на студиите како и правилно спроведување на Болоњскиот процес на студирање. Проректорот за настава исто така е одговорен и за зголемување на мобилноста на студентите и наставниците, како и за одржување на студентскиот стандард.

Тој ја координира и усогласува високообразовната и научноистражувачката дејност на Универзитетот и го раководи процесот на акредитацијата на студиските програми за прв циклус студии се со цел да обезбеди квалитетни студиски програми, чија цел ќе биде продукција на кадар со квалификации кои соодветствуваат на актуелните потреби на пазарот на труд.

Контакт за кабинет на проректор за настава

Телефон: 032/550–535
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Проректор за развој, инвестиција и одржување

Проректорот за развој, инвестиции и одржување учествува во планирањето на инвестициите и буџетот на Универзитетот. Неговите одговорности се поврзуваат со обезбедување на непречено функционирање на двата значајни оддели на Универзитетот и тоа Одделот за одржување и развој и Одделот за планирање и буџет. Освен ова, тој е задолжен и за координација и усогласување на високообразовната и научно-истражувачката дејност на Универзитетот.

Контакт за кабинет на проректор за развој, инвестиција и одржување

Христина Серафимовска

  Телефон: +389 32 550 010

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  Факс: +389 32 390 700