Одделот за радио и ТВ е единица којашто претставува информатор за сите активности кои се одржуваат на Универзитетот „Гоце Делчев“. Одделот за радио и ТВ придонесува во подобро информирање на студентите и на останатата јавност за активностите на Универзитетот, а воедно претставува место каде што студентите по новинарство и односи со јавноста ја вршат својата пракса. Во овој оддел се продуцира независна и самостојна радио и ТВ програма која преку радиофреквенција се емитува на ниво на цела Општина Штип, а преку интерната ТВ мрежа се емитува низ сите објекти каде што гравитираат студенти и наставници на УГД.

Универзитетското радио УГД-ФМ, како дел од Одделот за радио и ТВ, емитува 24-часовна програма што се однесува на студентите и младите луѓе во градот, програма која го засега работењето на Универзитетот и студирањето на сите студенти. Студентите континуирано се информираат за настаните и за активностите на УГД, а воедно студентското радио и интерната телевизија имаат и едукативна и забавна компонента.

Преку продукција на едукативни и забавни програми овие два медиума претставуваат неформално надополнување на едукацијата на студентите и останатите консументи. Воедно овие два медиума континуирано даваат поддршка преку преноси во живо, гостувања и продукција на емисии на сите настани кои се организираат од страна на Универзитетот. Одделот за радио и ТВ, исто така, им дава поддршка на сите млади луѓе и студенти кои сакаат креативно да се изразат или нивниот глас да се слушне подалеку во јавноста. И двата медиума постојано соработуваат со многу млади луѓе кои активно се вклучени во креирањето на програмата.

Слушајте УГД ФМ онлајн

 

 

  • Фото галерија
  • Видео галерија

Контакти

Уредник: Игор Стојанов

Телефон: +389 32 550 846

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб, 2000 Штип, Р.Македонија

 


 

Технички уредник: Влатко Миленкоски

Телефон: +389 32 550 039

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб, 2000 Штип, Р.Македонија

 


 

Референт: Александар Максимов

Телефон: +389 32 550 814

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб, 2000 Штип, Р.Македонија

 


 

Новинар: Тони Михаилов

Телефон: +389 32 550 705

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бб, 2000 Штип, Р.Македонија