Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

Известување за работилница на трет циклус на студии невронауки

Се известуваат докторандите дека работилницата за трет циклус  со наслов: Когнитивно-бихејвиоралните психотерапии во третманот на пострауматското стресно растројство  ќе се одржи на ден 17.12.2019 (вторник) на ФМН, прв спрат, со почеток од 13.00 часот.

Одговорен наставник: проф. д-р Ленче Милошева

Работилницата е од областа на когнитивните невронауки и когнитивно бихејвиоралните психотерапии, наменета за докторандите на Невронауки кои се заинтересирани за научни истражувања од овие области. Добредојдени се и докторандите од другите студиски програми на Факултетот за медицински науки.

Работилницата е поддржана од УГД научно истражувачкиот проект:  „Рационално-емотивнa бихејвиорална терапија и природата и структурата на пострауматското стресно растројство“, раководител: проф. д-р Ленче Милошева

Работилницата е вреднувана со 5 ЕКТС кредити, 150 часови вкупна оптовареност на докторандот. 

Работилницата е ограничена на 10 пријавени кандидати.