Соопштенија
Септемвриско - Октомвриска двојна сесија 2020 година
Се информираат студентите од прв циклус на студии дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за пријавување на испити во Септемвриско - Октомвриска двојна сесија 2020 година.
За студентите од прв циклус на студии започнувајќи од студиска програма (генерација) 2009/2010 година и за сите идни генерации, пријавувањето на испити се реализира исклучиво преку електронскиот индекс. За студентите од прв циклус на студии од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009, пријавувањето на испити се реализира на шалтер на студентска служба со приложување на соодветните уплатници за пријавување на испити, административна такса и физички пријави.
Термините за реализација на испити во Септемвриско - Октомвриска двојна сесија 2020 година се:
- Пријавување на испити во двете сесии: Од 31.08.2020 (00:00 часот), до (заклучно со) 20.09.2020 (23:59 часот),
- Полагање на испити во Септемвриско - Октомвриска Прва испитна сесија 2020: Од 07.09.2019 до (заклучно со) 20.09.2020.
- Полагање на испити во Септемвриско - Октомвриска Втора испитна сесија 2020: Од 21.09.2020 до (заклучно со) 02.10.2020.
Тарифникот за пријавување на испити е прикажан во продолжение:
Covid 19 инфо