Соопштенија
Продолжен рок за заверка на непарен семестар и пријавување на испити во Февруарска втора испитна сесија 2021 година
Се информираат студентите од прв циклус на студии дека терминот за заверка на непарен семестар во учебна 2020/2021 година е продолжен до (заклучно со) 07.02.2021 (23:59 часот).
Пред заверка на семестар студентите е потребно да ги пријават проектните задачи за предметите од тековниот семестар. Согласно тарифникот за прв циклус на студии, финансиската уплата за пријавување на проектна задача изнесува 100,00 денари на приходна шифра 723013, а за заверка на семестар се врши уплата од 200,00 денари на приходна шифра 723019.
Пријавувањето на испити во Февруарска втора испитна сесија 2021 година е продолжено до (заклучно со) 04.02.2021 (23:59 часот).
Полагање на испити:
- Февруарска втора испитна сесија 2021 година: Од 05.02.2021 до (заклучно со) 14.02.2021
Тарифникот за пријавување на испити е прикажан во продолжение:
Covid 19 инфо