Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •    

Октомвриска (дополнителна) сесија 2021

Се информираат студентите од прв циклус на студии дека е потребно да реализираат навремена уплата на финансиски средства за пријавување на испити во Октомвриска (дополнителна) сесија, 2021.

За студентите од прв циклус на студии започнувајќи од студиска програма (генерација) 2009/2010 година и за сите идни генерации, пријавувањето на испити се реализира исклучиво преку електронскиот индекс. За студентите од прв циклус на студии од студиските програми (генерации) 2007/2008 и 2008/2009, пријавувањето на испити се реализира на шалтер на студентска служба со приложување на соодветните уплатници за пријавување на испити, административна такса и физички пријави.

Термините за реализација на испити во Октомвриска (дополнителна) сесија,2021 се:

- Пријавување на испити: Од 19.09.2021 (00:00 часот), до (заклучно со) 22.09.2021 (23:59 часот),

- Полагање на испити: Од 23.09.2021 до (заклучно со) 03.10.2021.

Напомена: Оваа сесија ќе биде условна во однос на кредити за запишување на повисок семестар.

Тарифникот за пријавување на испити е прикажан во продолжение: