Контакт  Соопштенија  Академски календар  Е-Пошта за студенти   E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

УПИСИ 2020/2021 Г.

Соопштение:

 

  • Конкурс за прв циклус 2020-2021

  • Рокови за пријавување, проверка на знаење и умеење и запишување

    Пријавувањето е отворено од 01.07

  • Информации за проверка на знаења и умеења

    Студиски програми за кои се врши проверка на знаења и умеења

    Музичка академија - проверка на знаења се врши за студиските програми: Оддел за Дипломиран музички теоретичар и музички педагог, Оддел за Дипломиран етнокореолог

    Оддел за Дипломиран музичар изведувач, Оддел за Дипломиран џез музичар.

    За подетални информации испратете е-маил продеканот проф. Ангеле Михајловски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

    Ликовна академија - проверка на знаења се врши за студиските програми Класично сликарство и Вајарство

    За подетални информации испратете е-маил до продеканката проф. Јана Јакимовска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

    Филмска академија - проверка на знаења се врши за студиската програма Современ танц.

    За подетални информации испратете е-маил до проф. Рисима Рисимкин на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. / Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

    Студиски програми за кои се врши проверка на психофизички способности

    Факултет за образовни науки - проверка на психофизички способности се врши на следните студиски програми: Одделенска настава и Предучилишно воспитување

    За подетални информации ќе бидете контактирани после пријавувањето во нашиот онлајн систем. Информации може да добиете и од продеканката Ирена Китанова на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • Пријавување на кандидати - постапка и потребни документи

    1. Кандидатите поднесуваат/креираат електронска апликација со лични податоци и податоци од средното образование во https://eupisi.ugd.edu.mk/. Во рамките на електронската апликација ги плаќаат (електронски) и трошоците за пријавување:
      1. На студиски програми на кои НЕ СЕ врши проверка на знаења и умеења:
        • 300 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
        • 50,00 денари административна  такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)
      2. На студиски програми на кои СЕ врши проверка на знаења и умеења:
        • 500 денари на жиро-сметка на Универзитетот (приходна шифра 723019 во електронското плаќање при креирање на електронска апликација), и
        • 50,00 денари административна  такса (приходна шифра ТМ во електронското плаќање при креирање на електронска апликација)

    НАПОМЕНА: Препорачуваме електронска уплата на средствата за пријавување, заради моментално книжење на истите во електронскиот систем за пријавување и максимална транспарентност.

    1. По поднесувањето/креирањето на електронска апликација, кандидатот ги доставува физичките документи (оригинали) секој работен ден од 09 до 11 часот на наведените локации (документи не се испраќаат преку е-пошта). Притоа само кандидатите кои ќе достават физички документи (со цел проверка на внесените информации) ќе бидат рангирани. Документите е потребно да се достават НАЈДОЦНА заклучно со последниот ден од официјалните рокови за пријавување на кандидати (НАЈДОБРО ПОРАНО). Потребни документи се:
      1. Пријава за упис која се генерира од апликацијата за упис
      2. Свидетелства од 4-те години средно образование + диплома (државна матура, училишна матура, меѓународна матура, без матура)

    *Свидетелствата и дипломата стекнати во странство треба да бидат нострифицирани.

    1. Извод од матичната книга на родените (не постар од 6 месеци);
    2. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение, не постар од 6 месеци).
    3. Лицата со посебни права да ги достават дополнителните документи според конкурсот (IV- 8)
    4. Во случај на уплата преку институции за ПП (банки, пошти), овие уплатници се приложуваат заедно со останатите документи:
      • Жиро-сметка на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 100000000063095
      • Сметка на корисник 1600160330-788-18
      • Приходна шифра 723019
      • Програма 44
      • Образец ПП-50
    1. Кандидатите кои нема да бидат задоволни од прелиминарните резултати, имаат право за поднесување на ПРИГОВОРИ на наменската е-пошта, од нивната е-адреса со која се регистрирале на системот за пријавување, наведување на евидентниот број и причината за приговорот. Резултатите од поднесените приговори се објавуваат исто така на веб страната на УГД.
    2. Во соодветните рокови, ќе се генерираат конечни решенија за прием на кандидати, врз основа на кои примените кандидати е потребно да се запишат на Универзитетот.

    Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

  • Доставување на документи

    • Документите можете да ги доставите до најблиската локација, без разлика на коj факултет сте се пријавиле.
    • Доставување на документи може да се изврши во една од посочените локации и во дефинираните термини во тек на цело лето.
    • Не чекајте да започнат уписите, доставете ги документите во тек на летото, најдоцна заклучно со последниот ден за пријавување согласно конкурсот.
  • Модул за електронско пријавување и запишување на кандидати на конкурсот и со префрлување од други Универзитети

  • Приговори од уписи

     

  • Преглед на резултати од рангирање

  • Запишување на примените кандидати - постапка и потребни документи документи

    1. Кандидатите кои ќе бидат примени (ги има на конечните решенија за прием објавени на https://upisi.ugd.edu.mk) е потребно да се запишат на студиската програма на која се примени.
    2. Запишувањето го прават целосно електронски/online, преку модулот за пријавување и запишување https://eupisi.ugd.edu.mk, преку следните хронолошки чекори (повеќе во рамките на следното упатство):
      1. Пристапување на нивната електронска пријава;
      2. Клик на Запиши се;
      3. Плаќање на сите потребни средства за упис на УГД и прв семестар (потребните средства и шифри на кои е потребно да се уплатат се наведени во модулот за пријавување и запишување, а и подолу во рамките на овој текст).
      4. Избор на изборни предмети во прв семестар, и
      5. Клик на Запиши семестар.
    1. Потребни уплати за запишување на примените кандидати (овие суми се уплаќаат исклучиво електронски, преку модулот за пријавување и запишување на кандидати https://eupisi.ugd.edu.mk):

    Горе наведените постапки се објаснети и во рамките на упатството за пријавување и запишување на кандидати.

Постави прашање:
УГД

тел. 032 550 840 ;    e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

  • телефонот е отворен секој работен ден од 9-12 до 20.07
  • после 15.08 до крај на уписи

Локации за доставување на физички документи за пријавување

  • Штип: Книжара Факултет за Образовни науки

  • Струмица, Наставен центар на УГД, ул. „Гоце Делчев“ бб; (студентски прашања, 9-11 часот)

  • Скопје, Наставен центар на УГД, бул. „Александар Македонски“ 24; (студентски прашања, 9-11 часот)

  • Кавадарци, Наставен центар на УГД, ул. „Шишка“ бр. 25; (студентски прашања, 9-11 часот)

  • Гевгелија, Наставен центар на УГД, ул. „7 ноември“ бб. (студентски прашања, 9-11 часот)