Лабораторија АМБИКОН

Од 2.7.2015 година, Лабораторијата официјално стана една од реномираните лаборатории кои се акредитирани по европски стандарди од Институтот за акредитација на Република Македонија. Во склоп на лабораторијата се оддел за електронска микроскопија, оддел за животна и работна средина и оддел за минерална технологија.

  • Мисија

Лабораторија АМБИКОН посебен акцент става на научните истражувања, како и на сервисирање на потребите на индустриските компании за мониторинг и контрола на квалитетот на атмосферата во работните простории и животната средина, утврдување на нивото на персонална експозиција на одделни штетности: гасови и пареи, цврсти честички и влакна, биоаеросоли, бучава, како и испитување на морфологијата, хемискиот и минералошки состав на најразлични материјали.
Поседува специјализирани софтвери за обработка и анализа на податоците, како и софтвери за предикција и моделирање на одделните појави поврзани со концентрацијата/нивоата на контаминантите во работната и животната средина.
Покрај примената на различни геолошки дисциплини (минерологија, петрологија, кристалографија, палеонтологија), SEM, XRD и EDX методата, петрографските испитувања се погодни за испитување и во областа на геологија, рударството, технологија, електроника, индустриски стакла, керамика и порцелан, заштита на спомениците, металургија, машинство, градежништво, стоматологија, фармација, медицина, биологија и сл.
Комплетно е ставена на располагање на студентите од прв, втор и трет циклус на Факултетот за природни и технички науки, за научни истражувања во рамки на изработката на нивните дипломски, магистарски трудови како и за изработка на докторски дисертации.
Отворена е за соработка со сите заинтересирани страни, универзитетски и други научно-образовни институции, медицински установи, правни и физички лица индустриски компании за контрола на квалитетот на работната и животната средина, како и за државните институции и тела чијашто надлежност е контрола на квалитетот на работната и животната средина.
Доколку сакате да вршите испитување во нашата лабораторија, неопходна е резервација на термин.
Нашата мисија ја остваруваме преку тимска работа, заснована на соработка, доверба, меѓусебно почитување, мотивација и наградување на секој успех.

  • Визија

Лабораторија АМБИКОН да прерасне во високотехнолошка лабораторија на државно ниво која со истражувањата и примена на политиката на квалитет, политиката за заштита на животнта средина и политиката за безбедност и здравје при работа ќе биде препознатлива како современ, квалитетен и доверлив партнер во ефикасно решавање на проблемите поврзани со контрола на квалитетот на работната и животната средина, беспрекорно испитување на примероците од секаква природа како и остварување на научен придонес во останати области.

  • Цели

Остварувањето на мисијата на Лабораторија АМБИКОН преку постепено реализирање на визијата е остварливо со точно дефинирана стратегија на делување.
Приоритетите се одредени со:

  • првично зголемување на бројот на стручниот и научен персонал во самата лабораторија.
  • стручно и научно усовршување на целокупниот персонал во земјава и странство, барем еднаш годишно.
  • воведување на меѓународно прифатени стандарди и домашни законски и подзаконски решенија во секојдневното административно и стручно работење.
  • набавка на соодветна и современа научно-истражувачка опрема во двата оддели на лабораторијата според потребите.
  • набавка на современа научно-истражувачка литература и меѓународни списанија.
  • зачленување во меѓународни асоцијации и здруженија од соодветната област на делување.
  • активно учество на домашни и меѓународни конференции, симпозиуми, советувања и сл.
  • публикување на резултатите од својата работа во домашни и странски часописи.
  • размена и зголемување на искуствата на персоналот во лабораторијата со кратки престои во земјата и странство.
  • овозможување на престои на стручен и научен кадар од реномирани лаборатории од странство.
  • постојани контакти и следење на потребите на компаниите поврзани со мониторинг и контрола на квалитетот на атмосферата во работните простории и животната средина, утврдување на нивото на персонална експозиција на одделни штетности како и испитување на морфологијата и хемискиот состав на најразлични материјали
  • создавање на медиуми за правовремено информирање на јавноста за својата работа, користејќи ги можностите на универзитетот, преку својата web страна, радио, ТВ и печатени средства.

 

Акредитaција

Лабораторија АМБИКОН е лабораторија за контрола на квалитативните и квантитативните параметри на амбиентниот воздух во реални услови и реално време, утврдување на нивото на персонална експозиција на одделни штетности како и испитување на морфологијата и хемискиот состав на најразлични материјали и е акредитирана согласно следниве методи:

ISO /TS 10798:2011
Нанотехнологии - Карактеризација на единичен зид на јаглеродни наноцевки со користење на сканинг електронска микроскопија и енергетско дисперзивна спектрометарска анализа.
Nanotechnologies - Characterization of single-wall carbon nanotubes using scanning electron microscopy and energy dispersive X-ray spectrometry analysis.
MKC EN 12341: 2014
Амбиентен воздух - Стандардна метода на гравиметриско мерење за одредување на ЦЧ10 (РМ10) или ЦЧ2,5 (РМ2,5) масена фракција од суспендираните цврсти честички.
EN 12341: 2014
Ambient air - Standard gravimetric measurement method for the determination of the PM10 or PM2,5 mass concentration of suspended particulate matter.
MKC EN ISO 9612:2010
Акустика - Одредување на работна изложена бучава – Метод на техника.
Acoustics - Determination of occupational noise exposure - Engineering method.
МКС EN ISO 1996-2:2010
Правилник за локациите на мерните станици и мерните места (Службен весник на РМ, бр.120/08)
Акустика - Опис, мерење и проценување на бучавата од околината – Дел 2: Одредување на нивоата на бучава од околината.
EN ISO 1996-2:2010
Regulation of measuring station and measuring points locations (Official gazette of RM, no.120/08)
Acoustics - Description, measurement and assessment of environmental noise - Part 2: Determination of environmental noise levels.
MDHS 14/3
Општ метод за земање и гравиметриска анализа на респирабилна и вкупна прашина. А2- Персонални адаптери за земање на прашина и опрема за мониторинг на прашина, аеросоли и спарливи компоненти Водач, НВ 3175-06

Испитување на изложеност на прашина (цврсти честички) вкупна прашина, инхалабилна, торакална, респирабилна во воздух во Работна и животна средина со гравиметрија.
MDHS 14/3
Methods for the Determination of Hazardous Substances Health and Safety Laboratory; General methods for sampling and gravimetric analysis of respirable and inhalable dust.
A2-PERSONAL SAMPLING HEADS And Accessories For Monitoring Dust, Aerosols And Vapours User Guide, HB 3175-06

Determination of dust/particulate matter exposure (inhalable, thoracic and respirable) in occupational and living environment - gravimetric method.
EPA/625/R-96/010a, Метод IO-3.3
Поглавје VII Модел на стандардна оперативна процедура за елементарна анализа на честички во воздух со рендген флуоресцентен спектрометар.

Определување на метали во амбиенталните честички користејќи рендген флуоресцентен спектрометар.
EPA/625/R-96/010a, Method IO-3.3
Chapter VII, A Model Sop For Elemental Analysis Of Air Particulate By Energy Dispersive X-Ray Fluorescence (EDXRF).

Determination of metal in ambient particulate matter using Energy Dispersive X-Ray Fluorescence (EDXRF).
XRD-MDHS101/2
Метод директно на филтер со X-зраци

Определување на кристален SiO2во респирабилната прашина користејќи рендгенски дифрактометар.
XRD-MDHS101/2
Direct-on-filter analyses by X-ray

Determination of crystalline silica in respirable airborne dust using X-ray diffractometer.
MKC EN 932-2:2006
Испитување на општите својства на агрегатот

Дел 3: Постапка и терминологија за поедноставен петрографски опис
МКС EN 12407:2010
Методи за испитување на природен камен – Петрографски испитувања

МКС EN 16000-7:2009
Воздух во затворена просторија

Дел 7: Стратегија за земање на примероци за одредување на концентрации на азбестни влакна во воздух

Контакт

  • Адреса:
  • Ул. „Гоце Делчев“ бр.89,
  • 2000 Штип
  • Р. Македонија

Оддел за електронска микроскопија

Oддел за животна и работна средина

Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип