Search
|     contact@ugd.edu.mk

Ангела Димиткова – Економскиот факултет

Можностите постојат насекаде околу нас, само треба да ги користиме.
Споделете

Име и презиме: Ангела Димиткова
Факултет и студиска насока: Дипломиран студент на Економскиот факултет
Место на вработување: ХАЛКБАНК АД Скопје

Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип, како високообразовна и научна институција, ги следи и учествува во реформите, со постојано осовременување на постоечките и акредитирање на нови студиски програми, ги подготвува студентите за иднината која веќе ја живееме. На УГД ќе се запознаете со професори, експерти во своите области,кои несебично вложувајќи се за своите студенти ќе бидат ваши ментори во текот на студиите, а ваши пријатели по дипломирањето.

Покрај учењето од предметните професори, УГД овозможува средби со професионалци од различни сектори, работа на реални студии на случај и реализирање на практична настава.

Има многу причини зошто УГД беше мој избор на патот до успехот, меѓународно признати дипломи, е-индекс, пристап до литература од разни области на повеќе јазици, бројни организирани настани, но мојата омилена работа за УГД е што студентот е секогаш во центарот на вниманието!