Информации за идните студенти
Повеќе од 30.000 студенти во изминативе 16 години го препознаа Универзитетот „Гоце Делчев“, како квалитетна високообразовна институција, каде што ќе се здобијат со квалитетно и сеопфатно образование и знаење, потребно за нивниот иден развој и професионална кариера.
Сите заинтересирани идни студенти на оваа страница можат да добијат кратки, но важни информации поврзани со процедурата за аплицирање и потребните документи, како и практични информации за трошоците поврзани со студирањето и можностите за сместување при студирање.
Уписи
Универзитетот „Гоце Делчев“ е една од најреномираните институции во областа на високото образование во државата и нуди најсовремени студиски програми од прв, втор и трет циклус на образование.
За таа цел, Универзитетот секоја година објавува конкурси за упис на студенти во сите три нивоа на студии, а за најдобро рангираните студенти во прва година на прв циклус на студии се доделуваат и соодветни стипендии.
Повеќе информации за процесот на уписи и актуелните конкурси:
https://ugd.edu.mk/upisi
https://ugd.edu.mk/upisi/vazni-informacii-studiranje
Факултети
Универзитетот „Гоце Делчев“ опфаќа 12 факултети од областа на општествените, природните, медицинските и техничките науки, како и 3 академии од областа на уметноста, кои се организирани во 4 кампуси.
На овие факултети се активни се повеќе од 70 студиски програми од прв и интегриран прв и втор циклус на студии, како и 80 магистерски и професионални специјалистички програми и 11 акредитирани програми за докторски студии.
Повеќе информации за сите факултети во рамките на УГД:
Видови на студии
На Универзитетот „Гоце Делчев“ се спроведуваат академски студии од прв, втор и трет циклус, специјализации во областа на медицината, стоматологијата и фармацијата, како и студиски програми за регулирани професии и специјалистички стручни студии, по чиешто завршување кандидатите добиваат соодветна диплома во зависност од програмата по која студирале.
Подетални информации за достапните видови на студии:
Дигитализација
Универзитетот „Гоце Делчев“ е лидер во процесот на дигитализацијата во високото образование во Република Северна Македонија и има воведено нови технологии и разновидни електронски платформи и содржини, кои значително го олеснуваат и подобруваат секојдневното функционирање и работење како на студентите така и на наставниот и административниот кадар. Дел од платформите што се ставени во функција имаат за цел да поттикнат самостојно учење кај студентите, кое ќе биде организирано согласно нивните можности и во целост ќе ги задоволи нивните потреби.
Сите информации за воведените електронски сервиси и платформи на УГД:
Марија Ванѓеловска, студентка на Факултетот за медицински науки при УГД учествуваше на ACE2EU Blended Intensive Programme (BIP) „Fruit and Vegetables...
Костадин Хубрев, студент на медицински науки, учествуваше во ACE²-EU Flavour School, одржан на Универзитетот во Сантарем, Португалија, посветен на темата...
Богољуб Мијалков, студент на втор циклус студии на Правен факултет при УГД, учествуваше на петдневната Blended Intensive Programme (BIP) „Designing...
Програмите преку Алијансата ACE2EU им овозможуваат учество на сите студентите на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип преку меѓународни академски и...
Докторандот Круме Богевски од Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во текот на изминатиот период учествуваше во академска мобилност во рамки...