Search
|     contact@ugd.edu.mk

Лаборатории

На Универзитетот располагаме и со голем број на современи лаборатории, во кои се одвива научно-истражувачката дејност и во кои се нудат услуги во корист за науката и академската заедница, кои исто така придонесуваат за развојот и позиционирањето и на бизнис секторот и јавниот сектор. Лабораториите се модерно опремени, располагаат со одлични услови за работа, користат современи методи, применуваат меѓународно признати стандарди за квалитет и во нив работат најдобрите стручњаци од соодветните области. Сето ова создава клима во која се развива и академскиот кадар на Универзитетот, но се наоѓаат решенија и за барањата и потребите на компаниите и индустријата. Исто така на студентите им се овозможува активно да бидат вклучени во истражувачката работа и да дадат свој придонес.

Унилаб

УНИЛАБ е лабораторија во склоп на Земјоделскиот факултет, која функционира како посебна организациона единица и која ги контролира безбедноста и квалитетот на достапните производи преку утврдување на мултиелементна анализа на храна и додатоци во исхраната, пијалаци, растителен материјал и екстракти, како и суспензии и концентрати на активни супстанции и ексципиенси во фармацевтските производи.

Лабораторијата се самофинансира со давање услуги на своите клиенти. Резултатите од тестирањата се веродостојни и валидни со највисок квалитет при работењето. Лабораторијата е одговорна за сите тестирања што се извршуваат, согласно барањата на меѓународните стандарди, методи, прописи, потребите на корисниците и законската регулатива и располага со најсовремена инфраструктура и обучен персонал. Секој резултат од тестирањето е проверен во строго контролирани услови.

Повеќе информации се достапни на unilab.ugd.edu.mk

Амбикон

Лабораторијата АМБИКОН во рамките на Факултетот за природни и технички науки располага со опрема за контрола на квалитативните и квантитативните параметри на амбиентниот воздух и за анализа и испитување на морфолошки и хемиски состав на материјали. Лабораторијата спаѓа во реномираните лаборатории кои се акредитирани по европски стандарди од Институтот за акредитација на Република Македонија, а во склоп на лабораторијата спаѓаат оддел за електронска микроскопија, оддел за животна и работна средина и оддел за минерална технологија.

АМБИКОН посебен акцент става на научните истражувања, но и на сервисирање на потребите на индустриските компании и бизнис секторот за мониторинг и контрола на квалитетот на атмосферата во работните простории и животната средина. Лабораторијата поседува најсовремена опрема и специјализирани софтвери за обработка и анализа на податоци.

Повеќе информации се достапни на https://ambiconlab.ugd.edu.mk/

Дроп

Лабораторијата за дигитални ресурси и отворен пристап ДРОП работи на проучување и следење на најновите научни истражувања во областа на дигитализацијата и пристапот до онлајн ресурси, односно нивно складирање, чување и одржување, регистрација и индексирање на ваквите ресурси, нивна стандардизација и архитектура на репозиториумите, како и примена на информациски системи поврзани со дигиталните ресурси, репозиториумите и библиотеките. ДРОП е лабораторија која е задолжена и за практична обука, предавања, работилници и семинари од областа на дигитализацијата и дигиталните ресурси.

Лабораторијата се наоѓа на Кампус 2 во склоп на Одделението за е-учење, а во нејзината работа и истражување се вклучени професионалци од Катедрата за информациски системи, Факултетот за информатика и Одделението за електронско учење, а по потреба се вклучуваат и надворешни соработници и студенти. Лабораторијата располага со современа опрема, која постојано се модернизира и се проширува.

Повеќе информации се достапни на https://drop.ugd.edu.mk/

Други лаборатории

Во рамките на УГД во својот домен на работа успешно функционираат и нудат низа услуги и следниве лаборатории:

  • Лабораторија за подготовка на микроскопски примероци
    Линк
  • Лабораторија за радиофармација   https://rflab.ugd.edu.mk/
  • Лабораторија за стоматолошка научно-истражувачка работа
    https://snrlab.ugd.edu.mk/
  • Лабораторија за роботика и интелигентни системи
    https://laris.ugd.edu.mk/
  • Лабораторија за компјутерска сигурност и дигитална форензика
    labsec.ugd.edu.mk