Search
|     contact@ugd.edu.mk

Водич за втор циклус на студии

Студиите од втор циклус на академски студии траат од една до две години, а кандидатите можат да ги запишат по завршувањето на прв циклус на студии.

За време на студирањето на втор циклус, студентите се стекнуваат со 60 или 120 ЕКТС и по завршувањето на студиите се стекнуваат со звање магистер или во меѓународниот промет master.

При запишувањето, примените кандидати ги поднесуваат следните документи, согласно висината на надоместоците што ги плаќаат студентите за образование и административни услуги на Универзитетот за втор циклус на студии:

  • Индекс
  • Три фотографии (2 од 6х9; 1 од 4х5)
  • Пријавни листови (розов лист, семестрален лист, договор за студирање, информатор за втор циклус на студии)
  • Две уплати од 50 денари административна такса
  • Потврда за осигурување (минимум 150 денари) за временскиот рок за траење на студиите (една или две години).

Напомена: сите потребни формулари можат да се набават во универзитетските книжарници.

I. Потврда за уплатени 1.200,00 денари – за пријава за упис
Назив и седиште на примачот:Универзитет “ Гоце Делчев“ Штип
Банка на примачот: НБРМ
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на корисник: 1600160330-788-37
Приходна шифра: 723019
Програма: 44
Образец: ПП-50

II. Потврда за уплатени 400 евра – за партиципација (редовни) – по среден курс на Народна банка на денот на уплата
Потврда за уплатени 500 евра – за партиципација (вонредни) – по среден курс на Народна банка на денот на уплата
(можна е и уплата на рати по 200, односно 250 евра)
Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Банка на примачот: НБРМ
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на корисник: 1600160330-788-37 *
Приходна шифра: 723012
Програма: 44
Образец: ПП-50

III. Потврда за уплатени 650,00 денари – за ИКСА (информатички и културнo-спортски активности)
Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Банка на примачот: НБРМ
Трансакциска сметка: 100000000063095 *
Сметка на буџетски корисник: 1600160330-788-60
Приходна шифра: 723119
Програма: 44
Oбразец: ПП-50

IV. Потврда за уплатени 400,00 денари – за материјални трошоци, солидарна одговорност
Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Банка на примачот: НБРМ
Трансакциска сметка:100000000063095
Сметка на корисник: 1600160330-788-37 *
Приходна шифра: 723019
Програма: 44
Oбразец: ПП-50

V. Потврда за уплатени 150,00 денари – за студентски парламент, студентски правобранител и студентски активности
Назив и седиште на примачот: ЗСПУ „Гоце Делчев“ – Штип *
Сметка: 200002248241063
Стопанска банка
Oбразец: ПП-10

VI. Потврда за уплатени 300,00 ден. за надомест за книжен фонд на Универзитетот
Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Банка на примачот: НБРМ
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на корисник: 1600160330-788-56 *
Приходна шифра: 723019
Програма: 44
Oбразец: ПП-50

VII. Потврда за уплатени 500.00 ден. за упис на прв семестар
Назив и седиште на примачот: Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Банка на примачот: НБРМ
Трансакциска сметка: 100000000063095
Сметка на корисник: 1600160330-788-37 *
Приходна шифра: 723019
Програма: 44
Oбразец: ПП-50

VIII. Потврда за уплатени 390.00 ден. за спортски активности
Примач: „Универзитетски спортски центар“ – Штип
Банка на примачот: Стопанска банка
Сметка: 200001926783548
Образец: ПП10

Студентите од втор циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале и тоа:

  • стручните студии во траење од 1 (една) година можат да се завршат најдоцна во рок од 3 (три) години од денот на запишувањето;
  • магистерските студии во траење од 1 (една) година можат да се завршат најдоцна во рок од 3 (три) години од денот на запишувањето;
  • магистерските студии во траење од 2 (две) години можат да се завршат најдоцна во рок од 5 (пет) години од денот на запишувањето.

Доколку по истекот на рокот од претходниот став студентот не ги заврши студиите, истиот со барање за продолжување на студиите добива одлука од единицата на Универзитетот во која се утврдуваат дополнителните услови и рокот за кој студентот може да ги заврши студиите. Барањето мора да се поднесе пред истекот на рокот од 3 или 5 години.

Доколку по истекот на рокот настане измена на студиската програма, студентот може да ги продолжи студиите по изменетата студиска програма, врз основа на општ акт на Универзитетот и на единицата.

Доколку по истекот на рокот од овој член студиската програма згасне, студентот може стекнатите кредити за одредени предметни програми да ги пренесе на друга студиска програма, врз основа на општ акт на Универзитетот и на единицата.

По барање на студентот, единицата на Универзитетот може да одобри продолжување на рокот за одбрана на стручниот, односно магистерскиот труд, за времето додека траеле причините за спреченост за работа на стручниот, односно магистерскиот труд, но најмногу за 1 (една) година. По истекот на овој рок, студентот губи право да го брани пријавениот стручен, односно магистерски труд.

Како оправдани причини од претходниот став се сметаат: подолготрајна тешка болест, бременост и породување, отсуство од земјава во случај кога кандидатот е упатен привремено да извршува работи во странство, научно усовршување во странство, учество во научни и спортски експедиции и други оправдани причини.

  1. Студентот поднесува пријава на тема (со пополнување формулар преземен од веб-сајтот на УГД – Штип), со приложување уплата од 1500 денари уплатени на шифра 723019 и уплата од 50 денари административна такса. Пријавата се поднесува во два примерока.
  2. Одлуката за прифатената тема се доставува до студентот по мејл од страна на референтот од студентска служба.
  3. Студентот поднесува барање за проверка на студентско досие (со пополнување формулар преземен од веб-сајтот на УГД – Штип), со приложување на уплата од 50 денари административна такса, индекс со сите оцени и потписи. По извршената проверка, студентот преку мејл се известува за состојбата на досието.
  4. Студентот поднесува барање за формирање комисија за одбрана на труд (со пополнување формулар преземен од веб-сајтот на УГД – Штип). Треба да помине една година од Одлуката за прифаќање на тема за да се поднесе ова барање за генерација 2010/2011 и 2011/2012. За генерација 2012/2013 и 2013/2014 не треба да помине една година, но треба да има објавен труд во научно списание (се донесува фотокопија од објавата).
    Во прилог на барањето студентот доставува:
    • 3 примерока од трудот во спирала
    • менторски извештај х 2
    • плагијат х 2 со потпис од менторот
    • извештај од проверка на досието (које студентот го добил по мејл)
    • 2 примерока од објавениот труд во научно списание
    • Административна такса 50 ден.
  5. Одлуката за формирање комисија се доставува до студентот по мејл од страна на референтот од студентска служба.
  6. Рецензијата или извештајот од комисијата за оцена за магистерскиот труд ја изготвува менторот.
  7. Одлуката за датумот за одбрана се доставува до студентот по мејл од страна на референтот од студентска служба.
  8. Пред одбраната кај референтот на студентска служба се доставуваат:
    • 9 примероци на трудот во тврд повез
    • труд испратен во PDF формат на службен е-маил на референт од студентска служба.
    • изјава од лектор дека трудот е лекториран
    • копија од положен лекторски испит на лекторот
    • барање за издавање на уверение со положени испити (со пополнување формулар преземен од веб-сајтот на УГД – Штип),
    • уплата од 50 денари административна такса
    • уплата од 300 евра во денарска противвредност на приходна шифра 723019 со цел на дознака – одбрана на труд
    • уплата од 3900 денари на приходна шифра 723019 со цел на дознака – уверение, диплома, додаток на диплома, футрола.
  9. Студентот во рок од 15 дена добива уверение со положени испити на втор циклус на студии. Дипломата се доделува секој март во годината на свеченост по повод Патронат на УГД – Штип.