Search

Школа за докторски студии

Информации за Школата за докторски студии

Преку Школата за докторски студии Универзитетот „Гоце Делчев“ организира и спроведува високообразовна дејност од трет циклус, односно, докторски студии. Кандидатите што ја посетуваат Школата и студиите од трет циклус, се подготвуваат за самостојна научно-истражувачка работа. По завршувањето на студиите тие се стекнуваат со највисок степен на образование и со звањето доктор на науки. Студиските програми на докторските студии се акредитирани и целосно усогласени со Болоњската декларација.

Студиските програми од трет циклус се распределени во три пошироки научно-истражувачки подрачја распределени во три кампуси, и тоа:

  • Кампус 2 за техничко-технолошки науки, биотехнички науки и природно-математички науки
  • Кампус 3 за медицински науки и
  • Кампус 4 за општествени и хуманистички науки

Наставно-научни совети

Со цел реализирање на студиските програми од трет циклус, на ниво на Кампус, на Универзитетот се формираат и посебни наставно-научни совети на докторските студии.

Овие совети се составени од професори кои се акредитирани за ментори на докторски студии, а припаѓаат на научно-истражувачкото подрачје за кое е формиран кампусот.

Со секој совет раководи Претседател, кој доаѓа од редот на членовите на Советот. Претседателот има мандат од 2 години, а неговиот избор го прави Ректорот врз основа на предлог на наставно-научниот совет на докторски студии на соодветниот кампус.

Наставно-научниот совет на докторските студии на ниво на кампус ги има следниве надлежности:

  • донесува одлуки за запишување на трет циклус на студии – докторски студии;
  • изготвува предлог-конкурс за запишување на студенти на трет циклус – докторски студии;
  • ги определува дополнителните услови за запишување на докторските студии;
  • формира комисија за подобност на темата, тезите и кандидатот;
    определува интерен и екстерен ментор;
  • формира комисија за оценка и одбрана на докторската дисертација;
  • го разгледува извештајот на интерниот ментор за напредокот на докторскиот труд;
  • го разгледува извештајот за конечната верзија на докторскиот труд на интерниот ментор;
  • го усвојува извештајот за оценка на докторскиот труд и ја закажува јавната одбрана;
  • донесува одлуки за прифаќање на студиските програми на третиот циклус студии;
  • го утврдува нацрт-конкурсот за упис на студенти на докторски студии;
  • го утврдува предлог-бројот на студенти и износот на школарината за докторските студии и го доставува до Ректорската управа на Универзитетот;
  • дава предлози за организирање на заеднички докторски (интердисциплинарни) студии на ниво на Универзитет.

На ниво на УГД во моментот функционираат следниве наставно-научни совети за докторски студии:

Корисни документи

Во продолжение се наоѓа список со врски до сите документи што им се потребни на кандидатите од трет циклус студии – докторски студии за запишување и студирање:

Контакти од Школата за докторски студии

Административна поддршка за докторските студии во рамките на Школата за докторски студии кандидатите можат да добијат од вработените:

Соопштенија

Се закажува јавна одбрана на докторската дисертација со наслов „Анализа на интегрални и одржливи модели (AИОМ) за оптимизација на технологијата за експлоатација на јаглен во

Се закажува јавна одбрана на докторската дисертација со наслов „Секундарни промени во меланоцитни невуси-морфолошка студија“/„ Secondary changes in melanocytic nevi- a morphological study“ на Блаѓица

Се закажува јавна одбрана на докторската дисертација со наслов „Евалуација на ефектите на блокот на обвивката на мускулот ректус абдоминис како дел од мултимодална анестезија

Се закажува јавна одбрана на докторската дисертација со наслов „Дерматолошки манифестации на долните екстремитети во корелација со доплер сонографски карактеристики кај пациенти со венска слабост“

Докторскиот семинар за студентите запишани на трет циклус студии на студиските програми на Кампус 4 (ПФ, ЕФ, ФТБЛ и ФОН), закажан за 9 јуни 2026

Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од трет циклус студии на Правен факултет, Економски факултет и Факултет за образовни