Министерството за образование и наука неодамна ги објави конкурсите за упис на нови студенти во прв циклус студии во академската 2025/2026 година. Според Конкурсот, има слободни 2.168 места за редовни студенти во државна квота, 1.075 за редовни студенти во квотата со кофинансирање и 820 слободни места за вонредни студенти. Годинава вкупно на УГД ќе има 4.063 слободни места на сите 12 факултети и 3 академии.
Согласно со Конкурсот по факултети сликата изгледа вака:
- Правен факултет – 260 слободни места;
- Економски факултет – 310 слободни места;
- Факултет за образовни науки – 135 слободни места;
- Земјоделски факултет – 370 слободни места;
- Музичка академија – 163 слободни места;
- Ликовна академија – 30 слободни места;
- Филмска академија – 45 слободни места;
- Факултет за информатика – 510 слободни места;
- Факултет за природни и технички науки – 190 слободни места;
- Филолошки факултет – 460 слободни места;
- Факултет за медицински науки – 740 слободни места;
- Факултет за туризам и бизнис логистика – 470 слободни места;
- Електротехнички факултет – 160 слободни места;
- Машински факултет – 105 слободни места;
- Технолошко-технички факултет – 115 слободни места.