E-индекс за студенти  Вработени  

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  •   

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на факултетите и академиите во состав на Универзитетот, се реализираат академски и стручни студии од прв  и од втор циклус студии и академски студии од трет циклус – докторски студии, кои се акредитирани од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Студиските програми кои се изведуваат на факултетите и академиите на Универзитетот се усогласени со  принципите на Болоњската декларација.

Прв циклус студии

Студиите од прв циклус  можат да бидат академски студии  во траење од три или четири  години, при што студентите се стекнуваат со 180 или 240  ЕКТС. По завршувањето на овие студии студентот се стекнува со диплома со додавка од соодветната струка, а во меѓународниот промет академскиот назив кој се користи  по завршувањето на првиот циклус студии е baccalaureus односно baccalaurea.

Студиите од прв циклус студии можат да бидат  стручни студии  во траење од 180 ЕКТС. По завршувањето на овие студии студентот се стекнува со стручен назив со додавка од соодветната струка.

Втор циклус студии

Студиите од втор циклус академски студии траат од една до две години, при што студентите се стекнуваат со 60 или 120 ЕКТС. По завршувањето  на студиите студентот се стекнува со звање магистер или во меѓународниот промет master.

Трет циклус – докторски студии

На Универзитетот се реализираат трет циклус- докторски студии кои траат најмалку три години или 180 ЕКТС. По завршувањето  на студиите студентот се стекнува со научен назив доктор на науки (dr.sc).

Специјалистички стручни студии

Специјалистичките стручни студии се во траење од една година. По завршувањето студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС.

Студиски програми за регулирани професии

На Универзитетот се реализираат основни студиски програми за регулирани професии од областа на:

- медицината во траење од најмалку шест години, 360 ЕКТС, а по завршувањето студентите се стекнуваат со звање дипломиран доктор на медицина,

- фармацијата во траење од најмалку пет години, 300 ЕКТС, а по завршувањето студентите се стекнуваат со звање магистер по фармација  и

- стоматологијата во траење од пет години, 300 ЕКТС, а по завршувањето студентите се стекнуваат со звање  дипломиран доктор по дентална медицина.

Специјализации од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата

На Универзитетот се реализираат специјализациии и супспецијализации од областа на медицината, специјализации од областа на  стоматологијата и на фармацијата, кои се уредени со посебен закон. По завршувањето на специјализациите студентите се стекнува со стручен назив специјалист односно супспецијалист од соодветната гранка на специјализација или субспецијализација.