Се известуваат заинтересираните студенти на трет циклус студии запишани на студиските програми од подрачјето на медицински науки и здравство дека на 1 јули 2025 г., со почеток во 10 часот, во просториите на Кампус 2 ќе се одржи Работилница од проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска со наслов „Примена на пристапот ‘Едно здравје’ и добрите практики во управувањето со фармацевтски отпад“.
Заинтересираните студенти да се пријават кај Сашка Атанасова, најдоцна до 22 јуни 2025 г.
Школа за докторски студии