Ректорска управа
Ректорската управа ја сочинуваат: ректорот, проректорите, деканите на факултетите, директорите на високите стручни школи и еден претставник на студентите од Сојузот на студентите на Универзитетот. Во работата на Ректорската управа учествува и генералниот секретар на Универзитетот, без право на одлучување. Со Ректорската управа раководи ректорот.
Ректорската управа:
- ги подготвува и ги предлага актите и материјалите за прашања за кои одлучува Сенатот;
- го утврдува и го објавува конкурсот за запишување на студиите од прв и втор циклус по претходна согласност од Владата на Република Македонија;
- дава мислење за студиските програми на факултетите, односно високите стручни школи;
- на предлог на ректорот избира и разрешува генерален секретар на Универзитетот;
- донесува одлуки за тековната меѓународна соработка на Универзитетот;
- го уредува издавањето на дипломи и други документи за завршени студии на високо образование;
- утврдува предлог за висината на кофинансирање и партиципација на студентите на факултетите и високата стручна школа;
- одлучува за издавачката дејност на Универзитетот и врши и други работи определени со Статутот на Универзитетот.
Членови на Ректорската управа:
Ред. бр. |
Име и Презиме |
Факултет |
|
Ректор |
|
1 |
Проф. д-р Блажо Боев |
Ректорат |
|
Проректори |
|
2 |
Проф. д-р Дејан Мираковски |
Ректорат |
3 |
Проф. д-р Мишко Џидров |
Ректорат |
|
Генерален секретар |
|
4 |
М-р Ристо Костуранов |
Ректорат |
|
Советник |
|
5 |
М-р Кристина Ѓорѓиевска |
Ректорат |
|
Декани |
|
6 |
Проф. м-р Антонијо Китановски |
Музичка академија |
7 |
Проф. д-р Ацо Јаневски |
Технолошко – технички факултет |
8 |
Проф. д-р Василија Шарац |
Електротехнички факултет |
9 |
Проф. д-р Драгана Кузмановска |
Филолошки факултет |
10 |
Проф. д-р Емилија Петрова Ѓорѓева |
Факултет за образовни науки |
11 |
Проф. д-р Зоран Десподов |
Факултет за природни и технички науки |
12 |
Проф. д-р Катерина Деспот |
Ликовна академија |
13 |
Проф. д-р Љупчо Михајлов |
Земјоделски факултет |
14 |
Проф. д-р Милка Здравковска |
Факултет за медицински науки |
15 |
Проф. д-р Никола Димитров |
Факултет за туризам и бизнис логистика |
16 |
Проф. д-р Олга Кошевалиска
|
Правен факултет |
17 |
Проф. д-р Оливера Ѓоргиева – Трајковска |
Економски факултет |
18 |
Проф. д-р Ристо Кукутанов |
Машински факултет |
19 |
Проф. д-р Цвета Мартиновска – Банде |
Факултет за информатика |
|
Студент |
|
20 |
Иван Крстевски |
Студентски парламент |
Covid 19 инфо