Тип на курс: Applied Blended Challenge (ABC) програма
Ова се комбинирани (blended) програми со кредити кои користат педагошки пристап. Вклучуваат најмалку една недела мобилност за студентите учесници и се отворени за студенти од сите членки на алијансата ACE2-EU, вклучително и за студентите на Универзитет „Гоце Делчев“.
Главната цел на ABC е студентите колективно да работат на развивање планови и решенија за реални општествени предизвици, утврдени од надворешни засегнати страни и поврзани со приоритетите на ЕУ.
Времетраење и динамика на курсот
- Компоненти и часови: 10 часа онлајн, 25 часа со физичко присуство + 55 часа самостојна и групна работа.
- Онлајн сесии: 17 – 19 ноември 2025 год. (15:00–17:00 CEST) и 12 декември 2025 год. (10:00–12:00 CEST)
- Офлајн сесии: 1 – 5 декември 2025 год. (Таргу Жиу, Романија).
Награда, кредити и сертификат
По успешно завршување, учесниците добиваат 3 ЕКТС кредити и сертификат за учество.
Организатори
Водечка и домаќин институција:
Универзитет „Константин Бранкуши“ (Романија)
- Универзитет за применети науки Каринтија (Австрија)
- Политехнички универзитет Сантaрем (Португалија)
- Универзитет „Франциско де Виторија“ (Шпанија).
Вклучени надворешни партнери:
- Дневен центар „Христијан“;
- Центри за инклузивно образование – Таргу Жиу;
- Институт за истражување на квалитет на живот;
- Фондација Институт за ресурси за образование, социјална заштита и ресторативна правда;
- Општинска дирекција за социјална заштита и заштита на деца – Горж.
Опис на курсот и цели на учење
Курсот е наменет за оние кои сакаат да развијат вештини, знаење и ставови за ефективна и комуникација базирана на почит со лица со попреченост, особено со невролошки нарушувања. Целта е да се поттикне социјална инклузија, адаптирана комуникација, толеранција и соодветна поддршка.
Фокусот е на создавање инклузивни решенија за реални предизвици, во духот на визијата „Општество за сите“, преку пристап на service-learning и проектно учење, со активно вклучување на студентите во заедницата.
Како е структуриран курсот?
- Онлајн вовед (17–19 ноември 2025 год.):
- Теми: одржлив развој, човекови права, невродиверзитет, посебни образовни потреби, универзален дизајн за учење (UDL), алтернативна и дополнителна комуникација, пристапност, асистивни технологии, „user-centered“ и „person-centered“ дизајн.
- Практична работа (1–5 декември 2025 год., Таргу Жиу):
- Модули со директна работа во центри за лица со попреченост;
- Учество во адаптирани игри и активности;
- Набљудување и интеракција во центри за инклузивно образование;
- Анализа на студии на случај за поврзување на образовни, социјални и здравствени услуги.
- Онлајн завршни активности (12 декември 2025 год.):
- Рефлексија, размена на наученото;
- Подготовка на работилници, кампањи и минипроекти во матичните институции.
Конкретни цели:
- да се зајакне разбирањето за потребите на ранливите групи (со фокус на невролошка попреченост);
- да се промовира визијата „Општество за сите“ и да се едуцираат идните професионалци како агенти на промени;
- да се поттикне мултидисциплинарен пристап за поддршка и инклузија.
По завршување, студентите ќе можат да:
- ги објаснат клучните концепти поврзани со одржлив развој, човекови права и инклузивно образование;
- применат принципи на универзален дизајн во образовни и општествени контексти;
- користат асистивни технологии;
- креираат стратегии за индивидуализирана поддршка (person-centered planning);
- комуницираат ефективно со лица со различни видови попреченост;
- работат мултидисциплинарно за развој на интегрирани решенија;
- организираат инклузивни образовни и социјални активности;
- пренесат знаење преку работилници и кампањи во заедницата.
Кој може да учествува?
Студенти (додипломци и постдипломци) од партнерските универзитети на ACE2-EU, особено од следните области:
- социјална работа;
- психологија;
- право;
- образование / специјално образование;
- социологија;
- јавно здравје;
- политички науки / јавни политики;
- човекови права / родови студии;
- нега / здравствени науки;
- комуникациски науки (со интерес за социјално застапување);
- културни студии;
- менаџмент.
Процес на аплицирање
- Аплицирајте на следниов линк: 🔗 Форма за апликација
- Краен рок: 3 октомври 2025 год., 23:59 ч.
- Известување за прифаќање: 10 октомври 2025 год. (писмо со детали за регистрација ќе биде испратено од институцијата домаќин).
Контакт
За дополнителни информации: Ace-com@e-ucb.ro
https://www.ace2eu.eu/unite-and-inspire-breaking-social-barriers-for-people-with-special-needs/