Информации за Алијансата – ACE2EU
Мисијата на ACE2-EU – Применетиот, поврзан, претприемачки и ангажиран европски универзитет – е да ги обедини студентите, наставниците, истражувачите и засегнатите страни во заедничка цел: справување со идните предизвици преку иновација, образование и општествена одговорност.
Алијансата ги поврзува девет европски институции во еден заеднички меѓууниверзитетски кампус, кој поттикнува транснационална соработка и создавање на решенија засновани на предизвици – од дигиталната и зелената транзиција до социо-економските прашања што го обликуваат современото општество.
Нашиот пристап се заснова на четири столба: применетост, поврзаност, претприемништво и ангажираност. Преку мултидисциплинарни тимови на знаење, ACE2-EU развива флексибилни и иновативни програми за учење, истражување и служба на општеството.
Главни оперативни центри
Главните оперативни центри – APP Factory, ARIES инкубатор, SPACE центар и дигиталната платформа e–Campus – овозможуваат практична примена на знаењето, поттикнуваат креативност и кокреација и ги обединуваат европските партнери во развој на решенија со реално влијание.
ACE2-EU ја промовира културата на вклученост, еднаквост и човеково достоинство, обезбедувајќи пристап до квалитетно образование без разлика на пол, возраст, потекло или статус. Алијансата се залага и за заштита на животната средина преку „Green Campus“ практики, одржливи ресурси и истражувања насочени кон климатска одржливост.
Нашата работа се темели на одговорност и транспарентност, со јасна посветеност на европските вредности: демократија, слобода, владеење на правото, еднаквост, човекови права, солидарност и мир.
Со обединување на идеите, знаењето и луѓето, ACE2-EU создава современ, динамичен и одржлив образовен екосистем што го зајакнува европскиот идентитет и го подготвува општеството за иднината.
Партнери со УГД во оваа Алијанса се:
- Политехнички универзитет во Сантарем, Португалија
- Универзитет за применети инженерски науки во Каунас, Литванија
- Латвиската академија за култура, Рига, Латвија
- Универзитет „Константин Бранкуш“ во Таргу Жиу, Романија
- Медицински универзитет во Гданск, Полска
- Универзитет за применети науки во Кaринтија, Австрија
- Универзитет „Франциско Де Виторија“ во Мадрид, Шпанија
- Технички универзитет во Инголштад, Германија
Можности за студенти и вработени
Категоријата „Можности за студенти“ нуди програми, обуки и настани преку кои студентите можат да развијат иновативни, претприемачки и интернационални вештини во рамките на европската универзитетска алијанса ACE2-EU. Преку разни академски и истражувачки иницијативи, студентите имаат пристап до заеднички курсеви, летни школи, мобилности и предизвици насочени кон решавање на реални општествени проблеми.
Погледни ги сите можности за студенти
Категоријата „Можности за вработени“ е наменета за академски и административен кадар кој сака да учествува во транснационални програми за усовршување, истражувачки проекти, мобилности и иновативни иницијативи во рамките на ACE2-EU. Овие активности поттикнуваат соработка, креативност и размена на знаење меѓу универзитетите, со цел заедничко градење на европски образовен простор.
Погледни ги сите можности за вработени
ACE2EU ТИМ
Административна поддршка за Алијансата:
Канцеларија ACE2EU
Ул. Крсте Мисирков 10 А (2ри спрат)
2000, Штип
Email: ace2eu@ugd.edu.mk
Вести
Универзитетот „Гоце Делчев“ е домаќин на настанот „Истражувачка мисија“, кој е дел од Европската алијанса на универзитети ACE 2EU.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде домаќин на истражувачката мисија на Европската универзитетска алијанса (ACE2EU), што ќе се одржи на 17 и 18 ноември
Датум: 12 ноември 2025 г., 15:00 часот Презентер: Жанин Ланг, раководителка на инкубаторот ARIES Локација: Онлајн Организатори: Академија за претприемништво и инкубатор ARIES
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги информира студентите дека е отворен Повик за учество во меѓународниот курс „Blue Bioeconomy: Algae for Food Innovation –
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како дел од европската алијанса ACE²-EU, ги поканува студентите да учествуваат на следната сесија на ACE Virtual Coffee, посветена на
Почна ACEploration мисијата во Латвија, во рамките на ACE²-EU универзитетската алијанса, каде што учествуваат и професорките Јана Јакимовска и Андријана Данчевска од Универзитетот „Гоце Делчев“