Search

Отворен е фотоконкурсот „Different Lenses, Shared Values“ во рамките на Алијансата ACE²-EU

Споделете

Алијансата на европски универзитети ACE²-EU го отвори фотоконкурсот за мобилност под наслов „Different Lenses, Shared Values“.

Повикот е отворен за сите студенти и вработени (наставен и административен кадар) од универзитетите членки на Алијансата ACE²-EU кои оствариле мобилност, односно оствариле престој на некој од европските универзитети. Целта на конкурсот е преку фотографии да се доловат и прикажат европските вредности – преку инспиративни, емотивни или хумористични моменти од искуствата стекнати за време на престојот на партнерските универзитети.

Клучни детали за аплицирање:

  • Краен рок за пријавување: 13 ноември 2026 година, до 23:00 часот (CET).
  • Начин на пријавување: Со пополнување на онлајн апликација, прикачување на фотографијата и прифаќање на задолжителните декларации.
  • Линк за контакт и прашања: ace-com@e-ucb.ro.

 

Апликацијата и сите информации можат да се најдат на следниов линк:  https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf5jclY3I1F6q9w721IbCF5cWKJbfP4ZeiXrVjyD9iYA9BtJA/viewform