Универзитетско студентско собрание (УСС)
Универзитетското студентско собрание е тело на Универзитетот во кое членуваат претставници на студентите. Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите и преку свои претставници учествува во одлучувањето во органите и телата на Универзитетот и ги претставува студентите во рамките на високото образование како членови на академската заедница.
Универзитетското студентско собрание е составено од претставници на студентите, именувани од редот на претставниците избрани во Факултетското студентско собрание.
Факултетските студентски собранија и студентските собранија на високите стручни школи именуваат по двајца претставници во Универзитетското студентско собрание на Универзитетот.
Претседател на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во Универзитетското студентско собрание.
Претседател на УСС
Станела Гацова е претседателка на Универзитетското студентско собрание. Таа е студентка на втор циклус студии на Факултетот за информатика.
Контакт: stanela.210231@student.ugd.edu.mk
Сенатори
Членови на Универзитетски сенат од редот на студентите:
Андреа Василоска
студентка на Факултет за медицински науки – трета година на студии;
Кристина Петрова
студентка на Факултет за информатика – четврта година на студии;
Универзитетот „Константин Бранкуш“ во Таргу Жиу, Романија, беше домаќин на ACE2-EU мобилноста која обработи една од најзастапените теми на денешницата:...
Студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ учествуваа на меѓународна мобилност во Корушка, Австрија, која се реализираше во рамките на ACE2EU алијансата.
...Мелани Иванова, студентка на Правен факултет, Анастасија Арсова, студентка на Општа медицина, и Марија Вангеловска, студентка на Фармација, учествуваа во...
Студенти од Факултетот за медицински науки учествуваа на меѓународна мобилност во Каунас, Литванија. Во рамки на програмата „Mobility Implementation in...
Пет студенти и тројца млади лекари од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип активно учествуваа на...
Сантарем, Португалија и Рига, Латвија. Две различни мобилности, две непроценливи искуства, а исполнета една значајна цел – просперитет и успех!
...